25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоднесени повеќе од 800 барања за доделување субвенции за купен велосипед

Поднесени повеќе од 800 барања за доделување субвенции за купен велосипед

Повеќе од 800 барања за субвенција за купување велосипед се поднесени до денеска на шалтерите на Град Скопје, по објавувањето на јавниот повик за субвенционирање.

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани да набават нови велосипеди и да достават барање за надоместок на дел од трошоците во согласност со утврдените правила и финансиските средства определени за реализација на оваа градска активност.

„Град Скопје, со цел да ги стимулира граѓаните за користење велосипеди, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од 13.05.2017 година, со објавувањето на јавен повик во дневните весници и на градската веб-страница, сè до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2017 година.
Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот ‘прв дојден прв услужен’“, се вели во соопштението.

Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице.

Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај), кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик сè до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден велосипед.

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, треба да се достави до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП