19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците и Французите имаат план: Не оди доволно брзо

Германците и Французите имаат план: Не оди доволно брзо

Германија и Франција се заложија за нови мерки за зајакнување на еврозоната, меѓу кои би можела да биде и хармонизацијата на корпоративните даноци.

Министрите за финансии Волфганг Шојбле и Бруно ле Мер изјавија дека ќе организираат работна група која би направила предлози за билатералниот самит во јули.

„Со години зборуваме за напредок во интеграцијата на еврозоната, но работите не одеа така брзо или доволно брзо“, изјави Ле Мер, додавајќи дека се одлучни нештата сега да се забрзаат.

Германија и Франција би можеле да предложат заеднички систем за даноци за корпорациите за тие две држави или да се концентрираат да се хармонизираат прописите на нивото на ЕУ, изјави Шојбле.

„И двата плана се амбициозни“, изјави Шојбле додавајќи дека широката даночна хармонизација е тешка бидејќи бара консензус од лидерите од сите членки на Унијата.

Ле Мер е на првата посета на Берлин откако новиот француски претседател Емануел Макрон ја именуваше новата влада минатата недела. Ле Мер на конференцијата за новинарите започна на течен германски, наведувајќи дека е потребна подобра координација на економската политика.

Тој изрази подготвеност на Франција за подлабоки реформи, како воспоставувањето на министер за финансии на 19-члената еврозона или „Европскиот монетарен фонд“, што Шојбле претходно го поддржа.

Ле Мер изјави дека Франција ќе ги почитува обврските преземени од ЕУ за намалување на буџетскиот дефицит.

„Брегзит го сфаќаме како можност нашите финансики компании да бидат поатрактивни од претходно. Нашата улога е да создадеме богатство за нашата земја, да создадеме работни места за нашата земја. Со Брегзит таа можност постои и очекуваме да ја искористиме таа можност“, изјави францускиот министер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП