23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром планира да подели 3,3 милијарди долари дивиденда

Газпром планира да подели 3,3 милијарди долари дивиденда

Одборот на директори на „Газпром“ му понудил на акционерите зголемување на дивидендите во износ од 1,9% по акција до вкупно 190,3 милијарди рубљи (3,3 милијарди долари), или 20% од добивката за меѓународни сметководствени стандарди.

Предлогот ќе биде разгледан за време на генералното собрание на акционерите, закажано за 30-ти јуни, соопштуваат од компанијата.

Врз основа на резултатите од активностите на „Газпром“ во 2016-та година дивидендите ќе бидат во износ од нешто над 8 илјади рубљи за акција.

Од „Газпром“ истакнуваат дека распределбата на профитот е врз на база на желбата да се зачува финансиската стабилност на компанијата, како и усогласување со интересите на акционерите.

На собранието на акционерите на 30-ти јуни ќе биде разгледан извештајот за активностите на „Газпром“ во 2016-та година. Ќе биде донесена одлука и за датумот на кој ќе бидат реализирани дивидендите.

Одборот на директори поднел предлог и за зголемување на платите на раководителите на компанијата. Од пораката не станува јасно во каква големина.

На крајот на 2016-та година руската верзија на „Forbes“ направи листа за најдобро платените руски менаџери. Од податоците се гледа дека во 2015-та година шефот на „Газпром“ Алексеј Милер заработил 17,7 милиони долари, што го прави најплатениот руски менаџер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП