Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Tip of the week: Страв од успехот на другите

Време: 09:56

Датум: мај 23, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Успехот е многу убава работа и секој од нас си го посакува. Но успехот кај другите е интересна појава. Тој предизвикува еден вид страв, страв од успех. Стравот од успех на другите е нешто што се крие во секој од нас, но малку луѓе имаат знаење како да се справат со него.

Дополнително на ова е и што мал број луѓе се свесни за оваа појава, па најчесто или тотално ја игнорираат и истовремено имаат одбојност или, пак, се префрлаат на друго. Зависно од вашата позиција во ситуацијата, стравот се префрла во напад и намалување на вредноста на личноста преку:

  • Критика – насочена кон личноста која напредува или е успешна. Но критиките не се добронамерни туку се во насока на намалување на вредноста на успехот и на личноста сама по себе.
  • Недоверба – секако тука е и недовербата што се јавува кон личноста која напредува и за неговите/нејзините успеси.
  • Лоша комуникација – нарушување на претходната комуникација, употреба на високи тонови, промена на говорот на телото.
  • Емоционални дисбаланси – љубомора… лутина…

Стравот од успех на другите не е нешто што треба да го занемаруваме и ставаме под чергиче. Не за друго, тој може да влијае на вас и на вашите односи со (на прво место) личноста која напредува, но и на (потесната и пошироката) околината.

Потребна е работа за да се надмине стравот.

  1. Свесност – ако само ги земете предвид погоре споменатите промени, што се случуваат, ќе треба да ви биде јасно дека стравот постои кај вас. Но навистина да бидете свесни за овие промени, а не само да ја обвинувате личноста којашто успева и промените кај нив. Анализирајте ги вашите постапки.
  2. Споделување емоции – сите сакаме успеси и сите им се радуваме на сопствените успеси, но зошто да не се радуваме и на туѓите успеси!? Немојте да се радувате само затоа што сте прочитале дека е така, туку навистина радувајте се. Сме заборавиле навистина да се радуваме дури и на туѓите успеси.
  3. Престанете со споредување – немојте да се споредувате со тие што успеваат туку гледајте да научите од нивните успеси. Успесите се како огледало.
  4. Другата страна – прифатете го и моментот дека ќе има и промени кај успешните луѓе, но немојте вие да наседнувате на таа промена. Прифатете ја едноставно и немојте да озборувате.
  5. Промени – мора да прифатите дека ќе има промени, но најмногу мора да има кај вас.

И знаете што, немојте да се вознемирувате, ќе дојде успехот и кај вас. Вие имате капацитет да се подобрите и да не се плашите од туѓите успеси туку тие успеси да ги доживувате како свои. И бидете свои.

 

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

 www.macedonia-consulting.com

 www.macedonia-export.com      

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Каков БРЕНД си ти?!

    Tip of the week: Каков БРЕНД си ти?!

    Ова прашање може да го разгледуваме од 2 аспекта: каков бренд е твојата компанија (производ, услуга) или каков бренд си ти лично!? Бренд и брендирање…

  • Tip of the week: Помош

    Tip of the week: Помош

    Подоцна или порано, во текот на животот, сфаќаме дека да се побара ПОМОШ не е страшна работа. Но, не е проблемот во тоа, туку има…

  • Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Зошто поминуваш среде улица, а не на пешачки?! – Затоа што сите така прават! Зошто не ги изми садовите во канцеларија?! – Затоа што сите…

  • Tip of the week: Крај на разговорот

    Tip of the week: Крај на разговорот

    Во секојдневниот живот се соочуваме со разноразни комуникации. Сите тие најчесто би требало да завршат со некаква поента или дефинирање на следни чекори. Но, за…

  • Tip of the week: Дали сте амбициозни?

    Tip of the week: Дали сте амбициозни?

    Често слушаме за некој дека е многу амбициозен, на пример, амбициозен вработен, амбициозен менаџер, амбициозен студент… Неодамна добив ваков коментар од еден пријател, а тоа…

  • Tip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

    Tip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

    Искрено, не знам како би можеле да ви помогнеме, но можеме да најдеме начин и да укажеме. Сигурно имате околу вас, барем неколку од нив,…

  • Tip of the week: Пред фактите и боговите молчат!

    Tip of the week: Пред фактите и боговите молчат!

    „Пред фактите и боговите молчат!” Сигурно сте го слушнале ова некаде, а можеби сте го употребиле и во некој разговор или преговори како ваш аргумент.…

  • Tip of the week: „Црвот во јаболкото!“

    Tip of the week: „Црвот во јаболкото!“

    Не знам дали ја знаете оваа фраза „црвот во јаболкото“. Црвот ќе расипе едно јаболко, тоа ќе расипе друго и така по ред сите јаболка…

  • Tip of the week: Управување со емоциите

    Tip of the week: Управување со емоциите

    Не треба да се мистифицираат емоциите, туку да се демистифицираат своите реакции! Управувањето со емоциите е предуслов за квалитетен однос на работа, во фамилијата, со…

  • Tip of the week: Здраво за готово

    Tip of the week: Здраво за готово

    Цело време не учат дека треба да ги почитуваме другите, да бидеме внимателни и да им помагаме. Но многу пати се случува таа добрина да…