25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартува револуција: Дали е ова златото на 21-виот век?

Стартува револуција: Дали е ова златото на 21-виот век?

„Peach Aviation Ltd.“ ќе биде првата јапонска авио-компанија која ќе прифати плаќање на авионски билети со биткоини.

Компанијата таква одлука донесе настојувајќи да привлече што е можно повеќе туристи од другите делови на Азија, јавува агенцијата „Bloomberg“.

Почнувајќи од крајот на 2017-та година, оваа криптовалута ќе може да се користи за резервација на билет, соопшти авио-компанијата, додавајќи дека промената на јапонскиот закон за платен промет од април и олесни на компанијата да се одлучи на таков потег.

Овој авио-превозник исто така наведе дека планира да ја засили поврзаноста со локалните власти и регионалните компании со што ќе се помогне за проширување на употребата на дигиталната валута.

Популарноста на биткоинот е во налет затоа што дигиталниот систем на плаќање им овозможува на корисниците ширум светот директно извршување на трансакциите без посредници, влади, регулатори или централни банки, наведува „Bloomberg“.

Латвиската авио-компанија „airBaltic“ речиси пред три години најави дека ќе започне да прифаќа плаќање со биткоин, затоа што се фокусира на клиенти.

Оваа електронска валута достигна рекордни 2.187,78 долари, тргувајќи се за околу 70 проценти над цената за унца злато, според податоците кои ги обезбеди „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП