19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Чешка ќе се гради мрежа за возови со големи брзини

Во Чешка ќе се гради мрежа за возови со големи брзини

Владата во Чешка го одобри во понеделник планот за изградба на железничка мрежа за возови со големи брзини.

Мрежата ќе биде прилагодена на возови што се движат со брзини поголеми од 300 километри на час, како што веќе е во некои други европски земји, како Франција, рече министерот за сообраќај, Дан Ток.

Изградбата на новите пруги ќе чини околу 650 милијарди круни (27,6 милијарди долари) и ќе ја поврзува Чешка со соседните земји, посебно Германија.

Првата од планираните брзи пруги ќе ги поврзува Прага и Берлин, но властите не прецизираа кога би можеле да почнат работите.

Ток рече дека неговото министерство изготвува закон со кој ќе биде овозможено брзо стартување на работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП