28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИClariant и Huntsman создаваат хемиски гигант од околу 20 милијарди долари

Clariant и Huntsman создаваат хемиски гигант од околу 20 милијарди долари

Швајцарската група „Clariant“ планира да се спои со американската „Huntsman“, создавајќи трансатлантски хемиски гигант со вкупна пазарна оценка од околу 20 милијарди долари.

Зделката, која „Clariant“ ја опиша како „спојување на еднакви“, беше одобрена од управните одбори на двете компании.

Новоформираната компанија ќе го носи името „HuntsmanClariant“, изјави швајцарската група во соопштението. Главниот извршен директор на швајцарската компанија Хариолф Котман го опишува договорот како „совршена зделка во вистинско време“.

„„Clariant“ и „Huntsman“ ќе ги здружат силите за да постигнат многу поширок глобален дофат, да создадат одржлива иновативна моќ и да постигнат нови можности за раст“, рече тој.

Врз основа на резултатите на двете компании за 2016-та година обединетата група ќе има комбинирана продажба во вредност од околу 13,2 милијарди долари (11,8 милијарди евра) и оперативен профит од 2,3 милијарди долари.

Инвеститорите во „Clariant“ ќе имаат контрола над 52% од комбинираната група, додека „Huntsman“ ќе ги поседува останатите 48%.

„Комбинираната компанија ќе ги искористи силните страни на двете компании и ќе има значително подобрен профил на растот во силно најатрактивните крајните пазари“, се наведува во соопштението на швајцарската „Clariant“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП