28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Скопје синема сити“ - трет фестивал за музички документарци

„Скопје синема сити“ – трет фестивал за музички документарци

Tретиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се одржи од 15 до 19 јуни во Кинотеката на Македонија.

Организатори се граѓанското здружение Номад­арт во соработка со Кинотеката. Фестивалот прикажува документарни филмови чијашто главна тема е музиката, без оглед на жанрот или годината на продукција.

Годинава фестивалот ќе му оддаде почест на германскиот бенд Крафтверк, пионерите на електронската музика, со чиј документарен филм „Поп арт“ на режисерите Ханс Росашер и Симон Витер ќе биде отворен „Скопје синема сити“.

„Тоа што ќе следува во петте дена на фестивалот се музички филмови од светот на џез, поп, рок, електронската и класичната музика. На изминатите изданија Фестивалот почна соработка со британскиот национален сервис BBC, а оваа година таа соработка продолжува и понатаму, со нови филмови, а се почна соработка и со американскиот национален сервис PBS, со цел поразновидна и поквалитетна понуда“, рекоа од организацијата на фестивалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП