28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорпоративно управување во семејните бизниси

Корпоративно управување во семејните бизниси

Семејните компании се од витално значење во секое општество и како такви заслужуваат посебно внимание не само поради огромниот број работни места кои ги креираат во општеството, не само поради приходот кој го остваруваат туку и поради нивната специфичност при работењето.

Само оние кои имаат семеен бизнис можат да посочат со какви сѐ предизвици се соочуваат секојдневно, не само од гледна точка на тоа како да го постават бизнисот во вистинска насока која ќе им носи успех и профит туку и како да ги одвојат семејните односи од бизнис односите.

Еден од клучните предизвици на семејните бизниси е дали и кога да се воведе корпоративно управување во компанијата. Светските истражувањата покажуваат дека компаниите кои се професионално управувани остваруваат ЗНАЧИТЕЛНО подобри финансиски резултати, наспроти копманиите кои практуваат семејното управување со слаби бизнис практики. За жал, во таквите компании многу често се забележуваат финансиски неуспеси, но и измами, кои се една од најголемите болки не само во бизнисот туку и во семејството.

Сопствениците на компаниите многу често го одложуваат корпоративното управување во компаниите за „некогаш понатаму, кога ќе сме доволно големи“, што, секако, е многу погрешен принцип на работа. Корпоративното управување им помага на сопствениците да ги надминат дел од слабостите кои се карактеристични за сите семејни бизниси, како на пример:

– Сложеност на управување
Комплексната управувачка структура, на која освен професионалните се додаваат и семејните односи, е еден од клучните проблеми при водење на компанијата

– Склоност кон неформални односи и намерни нејаснотии
Сериозен компаниско/семеен проблем кој дополнително се зголемува со растот на компанијата

– Недостиг на дисциплина (Клучен проблем во компанијата)
Многу семејни компании не посветуваат доволно внимание на клучните стратешки области, како што се: планирање на наследници на клучни управувачки позиции, вработување на членови на фамилијата, привлекување клучни менаџери
Едно од најчесто поставуваните прашања на сопствениците и управителите на семејните бизниси и КОГА да се воведе корпоративно управување? На ова прашање има само еден одговор: СЕГА И ВЕДНАШ.
Што им носи корпоративното управување на семејните бизниси?
Постојат три основни организациски барања кои мораат да се земат предвид доколку семејните компании сакаат успешно да ги надминат предизвиците кои ги носи растот на компанијата и да останат одржливи.

– Прво, семејните компании мораат да научат да ги регрутираат и задржат најдобрите луѓе за семејниот бизнис.

– Второ, мораат да бидат во состојба да развијат култура на доверба и транспарентност

– Трето, мораат да дефинираат логична и ефикасна организациска структура.

Ова е само една од темите кои ќе се обработуваат на Третата по ред конференција за предизвиците на транзиција на семејните бизниси, организирана од Clear View BTC, која ќе се одржи на 31.05.2017 од 09-17 часот на Скопски саем. По успешно организираните конференциии за семејни бизниси изминатите две години, каде учествуваа повеќе од 250 посетители, Clear View BTC по третпат ја организира единствената конференција од ваков тип, на која ќе се разговара за преземањето на лидерството и наметнување на авторитет од страна на наследниците; светски практики за трансфер на сопственишто („гемански“ модел vs „италијански“ модел vs „балкански модел“ и зошто е важно веднаш да се воведе корпоративно управување во семејниот бизнис
На панел дискусиите кои ќе се одржат во рамки на конференцијата ќе можат да се слушнат еминентни претставници од бизнис заедницата кои ќе дискутираат на темите.

На конференцијата како гости ќе бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП