28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо светот веќе има 2 милијарди активни Android уреди

Во светот веќе има 2 милијарди активни Android уреди

Креаторите на „Android“ можат да се пофалат со импресивно достигнување.

Оперативниот систем на „Google“ веќе се користи во повеќе од 2 милијарди активни уреди во светот, а тоа вклучува смартфони, таблети итн.

Главниот извршен директор на „Google“ Сундар Пичај ги објави податоците за време на отворањето на конференцијата за програмери „I/O“, организирана од страна на компанијата во Калифорнија.

Пичај изнесе податоци и за други производи на „Google“.

Корисниците на „YouTube“ на пример, кои изнесуваат 1 милијарда, гледаат по 1 милијарда часа видео на ден.

Корисниците на „Google Maps“ пак изминуваат над 1 милијарда километри на ден, користејќи ја апликацијата. Во исто време над 800-те милиони корисници на „Google Drive“ подигнуваат 3 милијарди објекти во „облачната“ хостинг услуга секој ден.

Тоа се сериозни бројки, но тие се бледи во споредба со постигнувањето на „Android“.

За споредба во светот има (само) околу 700 милиони активни уреди со оперативниот систем на „Apple – iOS“. Според пресметките на „UBS“, „iOS“ ќе ја мине границата од 1 милијарда во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП