24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонскиот извоз расте петти месец по ред во април

Јапонскиот извоз расте петти месец по ред во април

Јапонскиот извоз расте петти месец по ред во април, иако со побавно темпо, а увозот продолжува исто така да расте.

Вредноста на јапонскиот извоз се зголемува за 7,5% на годишна основа, во април, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Во март зголемувањето изнесува 12%. Последните вредности се и под просечната прогноза на економистите анкетирани од „Bloomberg“, за околу 8% раст.

Испораките за Азија растат со 12,2% на годишна основа, при што извозот за Јужна Кореја отскокнува со 22,3%, а оној за Кина се зголемува со 14,8%.

Увозот во Јапонија оствари раст од 15,1%, што е за 0,3 процентни поени над прогнозите, но под вредноста од претходниот месец.

Увозот од Азија расте со 10,2%, а од Северна Америка со 11,8%.

Така трговскиот суфицит на Јапонија се намалува од 614 милијарди јени во март до 481,7 милијарди јени (4,3 милијарди долари) во април, што е под очекувањата за 520 милијарди јени вишок.

„Јапонскиот извоз ќе продолжи да расте, увозот исто во позадина на зголемено внатрешно производство“, коментира Норио Мијагава, виш економист во „Mizuho Securities“.

Во првиот квартал оваа година јапонската економија порасна со брзо темпо од една година благодарение на стабилниот извоз и поддршката од страна на приватната потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП