29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа 29-ти мај ќе биде познат наследникот на Луис Енрике

На 29-ти мај ќе биде познат наследникот на Луис Енрике

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, во неделата последен пат го водеше тимот на Барселона. Иако не успеа да стигне до третата титула во низа, Енрике со овации беше поздравен од навивачите на „Камп Ноу“. Првиот човек на клубот, Џозеп Марија Бартомеу, рекол дека Барселона името на новиот тренер ќе го соопшти на 29 мај.

„Знаеме дека оваа сезона не бевме константни, дека имавме падови и подеми. На почетокот на сезоната бевме екипа со најмалку освоени бодови на домашен терен“, рекол Луис Енрике по победата над Еибар 4-2, во последното коло.

Титулата, сепак, ја освои Реал кој славеше 2-0 во Малага и на крајот првенството го заврши со три бодови повеќе од Барселона.

„Реал ја освои лигат,а и тоа е тоа. Немам што да кажам, можам да им честитам“, дополнил 47-годишниот тренер.

Луис Енрике во својот мандат освои осум трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите во 2015 година. Тој во март објави дека по завршувањето на договор ќе заминe од клубот.

Од тој момент медиумите шпекулираат со името на неговиот наследник, а како најсериозен кандидат се споменува Ернесто Валверде од Атлетик Билбао.

„Секој зборува и шпекулира. Јас немам што да кажам. Одлуката околу мојата иднина во Атлетик ќе ја донесам наредната недела“, рекол Валверде по поразот на неговиот клуб од Атлетико во Мадрид (3-1) во последното коло.

Првиот човек на Барселона, Бартомеу, во неделата по натпреварот со Еибар потврди дека името на новиот тренер ќе биде познато на 29 мај откако ќе биде одиграно финалето на Купот, во кое ќе играат Барселона и Алавес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП