24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПогледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и go-pro...

Погледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и go-pro камера(видео)

Во еден од најубавите предели во Македонија, Мариово, пред една недела се одржа традиционалниот фестивал Мариово оф-роуд, а врв на тридневниот настан беа велосипедските тури. Најтешката рута долга 50 километри минуваше низ 5 села и ја возеа голем број на велосипедисти од цела земја. Компанијата „Жито пром“, која ги произведува кроасаните 4U, одлучи да ги однесе сите љубопитни луѓе на оваа патека и да им ја покаже убавината на Македонија, но и упорноста на овие велосипедски ентузијасти. 

Целото патешествие на велосипедистите е регистрирано со снимки од дрон и со go pro камера која ја носи еден од учесниците на настанот. Луѓето кои не се присутни на турата може да почувствуваат како е да се вози велосипед по различни подлоги како што се асфалт, широк тампон, премин преку река, крос кантри дел, козји патеки и карпи. Како што се одвива турата, гледачите може да уживаат во живописните мариовски села од кои повеќето се напуштени, како што се: Бешиште, Градешница, Старавина, Зовиќ, Манастир, но и во околната недопрена природа која плени со својата убавина.

Неверојатното искуство на гледачите е надополнето со посета на двата манастира Св.Никола и Св.Илија. Патеката по која се движат учесниците на турата минува покрај манастирот Св. Никола, додека велосипедското патешествие завршува токму кај манастирот Св.Илија во Витолиште, каде што имаше организиран ручек за сите учесници во трпезаријата на манастирот.

Во продолжение погледнете го видеото од велосипедската тура и уживајте во убавините на Мариово.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП