24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕко-музеј во Белчишта ќе се гради со средства од ИПА-програмата

Еко-музеј во Белчишта ќе се гради со средства од ИПА-програмата

Општина Дебарца, една од најмалите по број на жители во земјата, со средства од ИПА-програмата ќе гради Еко-музеј во Белчишта. Во рамките на овој проект ќе се уредува Белчишкото Блато, како единствено и најголемо водно станиште во Република Мекедонија.

Тоа подразбира и сеопфатна анализа на флората и фауната, која е опфатена во самото блато, како и изработка на мобилна апликација за туристи за убавините на Блатото.

Воедно, опфатени се и обуки за десет туристички водичи за Белчишкото Блато, кои го поттикнуваат локалниот економски развој и претставуваат можност за дополнителни вработувања на територијата на Општина Дебарца.

Исто така, предвидено е да се изврши реконструкција на стариот училиштен интернат во селото Белчишта, со пренамена на објектот, во ЕКО-музеј Белчишко Блато „Сини вирој”.

Проектирано е целосно опремување, а ќе бидат изложени убавините на Блатото, кои ќе станат подостапни за туристите од регионот.

Во рамките на овој проект, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, за општина Дебарца се издвоени 241 000 евра.

Други корисници во Македонија се ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „JAСЕН” (138.476,00 евра) Шумарски факултет – Скопје (104.843,00), а за партнерите од Грција, 298.466,50 евра општина Терми и 298.466,50 за Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси обезбедени се 470.853,18 евра.

Овој проект ќе придонесе за подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, поддршката на развојот на туризмот и подобрување на конкурентноста на прекуграничниот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП