29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако се засили со младиот Тилемас

Монако се засили со младиот Тилемас

Еден од најперспективните млади играчи во Европа, Јури Тилемас (20) го напушта Андерлехт и се сели во редовите на францускиот шампион Монако.

Тилеманс, поради Монако, ги одбил понудите на Манчестер Јунајтед, Интер и Атлетико Мадрид.

„Тилеманс го напушта Андерлехт, сè ќе биде познато до крајот на неделата“, изјавил спортскиот директор на Андерлехт, Херман ван Холсбек.

Јури Тилеманс за првиот тим на Андерлехт дебитираше на 16-годишна возраст, а оваа сезона со своите 13 голови даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула.

Тилеманс за Андерлехт има одиграно 177 натпревари на кои постигнал 35 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП