25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftbank се доближува до својата цел, Фонд од 100 милијарди долари

Softbank се доближува до својата цел, Фонд од 100 милијарди долари

Есента 2016-та година, јапонскиот конгломерат „Softbank“ си постави цел да го создаде најголемиот светски технолошки фонд со околу 100 милијарди долари. Сега јапонскиот концерн веќе доби 93 милијарди долари, пренесе „Bloomberg“. За шест месеци треба да е постигната и поставената цел.

„Следната фаза на информациската револуција е во тек и градењето на бизнис, кој ќе го направи тоа можно, ќе бара невидени големи и долгорочни инвестиции“, се вели во соопштението на „Softbank Vision Fund“.

Јапонскиот милијардер Масајоши Сон, претседател на технолошката и телекомуникациската инвестициска група „Softbank“ ги откри плановите за Фондот во минатиот октомври, а оттогаш тој доби обврски од некои од најголемите инвеститори во светот.

Освен „Softbank“ и „Public Investment Fund“ (PIF) на Саудиска Арабија во фондот влегуваат „Mubadala Investment“ на Абу Даби, кој одвои 15 милијарди долари, „Apple“, „Qualcomm“, „Foxconn Technology“ од Тајван и „Sharp Corp.“ од Јапонија.

Од новиот фонд дадоа својата изјава за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Ријад и потпишувањето на бизнис трансакции помеѓу американски и саудиски компании за десетици милијарди долари. Сон исто така беше во Ријад во саботата.

По средбата со Трамп минатиот декември Сон вети 50 милијарди долари инвестиции во САД, кои би создале 50.000 работни места – ветување за кое Трамп тврди дека е директен резултат од изборите за претседател на земјата.

Фондот, исто така може да служи на интересите на Саудиска Арабија, така што му помага на Ријад да добие пристап до странски технологии. Саудиската економија е силно отежната од ниските цени на нафтата, а политичарите се обидуваат да ја прошират со нови индустрии.

„PIF“ сигнализира интерес кон технолошкиот сектор, па инвестира 3,5 милијарди долари во американската компанија „Uber“. Изјавата од саботата не дава јасност за износот што „PIF“ ќе го вложи во фондот, но претходно тој изјави дека ќе вложи до 45 милијарди долари за петгодишен период. Од своја страна „Softbank“ ќе инвестира 28 милијарди долари.

Новиот фонд ќе се стреми да купува малцински и мнозински удели како во приватните, така и во јавните претпријатија, од новите претпријатија до основани фирми со неколку милијарди долари капитализација. Тој очекува да добие префериран пристап до долгорочни инвестициски можности во износ од 100 милиони долари или повеќе.

Со своите 100 милијарди долари новиот фонд ќе биде со иста големина како цело финансирање собрано од американски фирми за „ВК“ во последните две и пол години, покажуваат податоците на Националната асоцијација за ризичен капитал.

Другите сектори во кои Фондот може да инвестира вклучуваат мобилен компјутеринг, комуникациска инфраструктура, компјутерска биологија, интернет кориснички бизнис и финансиски технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП