24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон намали на 2-1 со тројката на Бредли во последната секунда (видео)

Бостон намали на 2-1 со тројката на Бредли во последната секунда (видео)

Бостон успеа да врати еден брејк и да го намали водството на Кливленд, во финалето на Истокот, на 2-1. Бостон, во Охајо, успеа да победи 111:108 со тројката на Ејвери Бредли постигната во последната секунда од натпреварот. Поразот од Бостон е прв за Кливленд во плејофот, откако претходно со максимални 4:0 ги елиминира Индијана, односно Торонто.

Бостон без својот најдобар играч, Ајзеа Томас, кој поради повреда на колкот ја заврши сезоната, го искористи лошиот ден на Леброн Џејмс, надополни негатива од 21 поен и на крајот заслужено се радуваше на победата.

Џејмс мечот го заврши со 11 поени и по шест скокови и асистенции, а не успеа да поентира ниту еднаш во последните 16 минути. „Кралот Џејмс“ го одигра најлошиот натпревар во плејофот уште од 2011 година, кога како играч на Мајами, против Далас, од поле погоди четири од 13-те обиди.

Најефикасни кај Кливленд беа Кајри Ирвинг со 29, Кевин Лав со 28 и Тристан Томпсон со 18 поени и 13 скокови.

Во отсуство на Томас, Бостон го предводеше Маркус Смарт со 27 поени, седум асистенции и пет скокови.

Наредниот меч, четврти од серијата, ќе се одигра в среда од два часа и 30 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП