20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏенерал моторс си заминува од Јужна Африка и Индија

Џенерал моторс си заминува од Јужна Африка и Индија

Откако Џенерал моторс го продаде Oпел на PSA групацијата, сега ги напушта Индија и Јужна Африка.

Своите комерцијални објекти и инфраструктура во Јужна Африка GM ќе ги препушти на компанијата Isuzu, пренесува SEEbiz.

Генерал моторс објави дека ќе започне со реструктуирање на компанијата и ќе го повлече планoт кој вклучуваше инвестиции на милијарди долари во Индија.

Произведувачот на автомобили од Детроит сака да се фокусира повеќе на домашниот и на кинескиот пазар.

Исто така, GM планира инвестиција од 600 милиони долари за развојот на автономни возила.

Покрај тоа, Американците имаат намера да се фокусираат повеќе на производство на модели на камиони и SUV возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП