18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо BMW не признаваaт теренец-караван

Во BMW не признаваaт теренец-караван

Баварците нема да прават конкурент на „Audi A6 allroad quattro“ и „Mercedes E-class All-Terrain“.

Во палетата на „BMW“ нема место за теренец-караван. Ова го објави шефот на проектот „BMW 5 Touring“ – Клаус-Ото Грибел. Според него, компанијата нуди доволно квалитетни теренески автомобили, па сличен модел е целосно непотребен.

Изјавата на Грибел беше дел од прашање на новинари. Тие го прашаа топ-менаџерот како во „BMW“ гледаат на автомобили како „Mercedes-Benz E-class All-Terrain“, „Audi A6 allroad quattro“ и „Volvo V90 Cross Country“. И дали не мислат дека сегментитe се прошируваат?

„Се разбира, ние сме мислеле во врска со ова прашање, дури неколку пати се враќавме кон неговото разгледување, но на крајот решивме дека нашите клиенти не бараат таков автомобил. На нив им е доволен караванот „Touring 5“, кој прекрасно доликува за патувања со семејството. А за обожавателите на „SUV“-моделите нудиме голема палета кросовери“, објасни Грибел.

Топ-менаџерот дополнителни дека „Audi A6 allroad “постигнал успеси и привлекол клиенти пред појавата на моделите на марката од палетата „Q“. Грибел сепак прецизираше дека во „BMW“ внимателно ги набљудуваат активностите на конкурентите и се подготвени да реагираат при зголемување на интересот за слични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП