19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba забележа сериозен раст на профитот и приходите

Alibaba забележа сериозен раст на профитот и приходите

Кинеската технолошка компанија „Alibaba“ ги зголемила своите приходи за 60% до 38,6 милијарди јуани (5,61 милијарди долари) во кварталот до крајот на март, па така приходите за целата година на кинеската група за онлајн трговија достигнуваат 158,3 милијарди јуани (22,97 милијарди долари).

Онлајн групата, дел од кинеското технолошко трио, заедно со „Baidu“ и „Tencent“, исто докажа дека вешто може да извлече поголема профитабилност од своите приходи во споредба со „Amazon“, истакнувајќи нето добивка од 9,85 милијарди јуани (1,42 милијарди долари) спрема проценки за 6,2 милијарди јуани.

Приспособениот профит пред даноците, каматите, депресијацијата и амортизацијата изнесува 16,6 милијарди јуани, што е за 44% повеќе на годишна основа.

Консензус оценката на аналитичарите за приходите за четвртиот квартал беше за 36 милијарди јуани, посочува „Bloomberg“, а очекувањата за приспособениот профит пред каматите, даноците, депресијацијата и амортизацијата е за 15,4 милијарди јуани.

И покрај приспособената добивка спрема еднократните ефекти, сепак добивката по акција изнесува 4,35 јуани, што е под оценките на аналитичарите за 4,51 јуани по акција.

Компанијата соопшти дека трошоците за данокот на добивка се зголемил за 149% во однос на претходната година до 4,55 милијарди јуани за трите месеци до 31-ви март.

Компанијата на Џек Ма ја одобрила и програма за откуп на акции во износ од 6 милијарди долари во следните две години.

Акциите на „Alibaba“ кои поскапеле со 37,5% од почетокот на годината до 120,72 долари, поевтинија за 2,5% до 117,74 долари во утринската трговија во Њујорк по веста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП