24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC подготвува нов VR уред кој ќе работи без телефон и компјутер

HTC подготвува нов VR уред кој ќе работи без телефон и компјутер

По новиот модел „U11“, „HTC“ го најави својот следен уред за виртуелна реалност кој би можел да донесе големи промени во технологијата.

Уредот би требало да биде целосно самостален и, за негова употреба, нема да биде потребен моќен компјутер, телефон кој се става во него или дополнителни жици за некои други уреди.

„Google“ најави дека ќе ја прошири својата „Daydream“ платформа и на новата категорија на самостојни уреди, кои би требало да понудат се што ни е потребно за преносна виртуелна реалност.

Повеќе детали за самиот уред не се откриени, но од „HTC“ уверуваат дека ќе биде едноставен и лесен за користење. Конечната верзија би требало да се појави подоцна во оваа година.

Според информациите, најверојатно уредот ќе работи на процесорот „Snapdragon 835“.

Нормално, покрај „HTC“ и други компании ќе ја користат новата „Daydream“ платформа па можеме да очекуваме и низа слични уреди, кои „HTC“ ги претекна со оваа најава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП