19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИзраелска вила од 24 милиони долари (фото)

Израелска вила од 24 милиони долари (фото)

Веројатно голем број на луѓе не слушнале за шармантниот мал град Кесареа во Израел, кој пред 2.000 години го основал кралот Херод…

Токму тој мал град е локацијата на вилата за која денес пишуваме. Ставен на продажба по неверојатна цена од 24 милиони долари, овој сјаен имот има површина од околу 1.700 квадратни метри кои се исполнети со луксуз и префинетост, а подготвена е да ви пружи секаков вид на уживање и задоволство.

Оваа вила налик на палата има грандиозен дневен салон кој сигурно ќе ви го одземе здивот, 10 пространи спални соби, целосно опремена кујна и формална трпезарија за 25 лица. Исто така, тука е и работната соба за формални состаноци, како и теретаната со разни справи за вежбање. Дел од оваа вила е и џамбо џакузито за 12 лица, како и винскиот подрум, додека специјалната соба за покер и љубителите на цигари претставува шлаг на тортата.

Идните сопственици на оваа лусузна вила ќе имаат прилика да уживаат во мастер апартманот кој има 120 квадратни метри и содржи два гардеробери, две одвоени бањи, приватна сауна, Panasonic TV од 42 инчи, DVD плус 5.1 Surround Sound JB систем и бројни други погодности.

Исто така, оваа вила има прекрасни плафони со детали од злато, уметнички лустери, беспрекорно осветлување, лифт, мермерни работни површини и подно греење.

Во нејзиниот екстериер, најмногу внимание привлекува базенот кој е опкружен со прекрасен овоштарник и градина со зачини. Туака е и al-fresci Viking кујната, а секој дел од имотот овозможува поглед на Медитеранот и ве потсетува дека животот навистина вреди да се живее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП