24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром забележа раст на побарувачката на гас во Европа

Газпром забележа раст на побарувачката на гас во Европа

Во последниве месеци побарувачката на природен гас во Европа расте и плановите за вадење на „Газпром“ се надминуваат. Тоа објасни заменик-шефот на компанијата Виталиј Маркелов, цитиран од агенциите.

Тој појасни дека зголемените барања се поврзани со исцрпувањето на гасот од складишта во долготрајната зима.

Првичните планови на компанијата беа во оваа година ископувањето да достигне 430,4 милијарди кубни метри. Веројатно сепак овие количини ќе се надминат, сметаат во „Газпром“.

Очекувањата се дека ископувањето во 2017-та година ќе надмине 442 милијарди кубни метри.

Во 2016-та година рускиот гигант достави рекордни 179 милијарди кубни метри природен гас во Европа. Се зголемува и пазарниот удел на компанијата – до историски 34%, и покрај напорите на европските институции да ја намалат зависноста на Стариот континент од рускиот природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП