25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ќе се бори и со Tesla Model Y

Ford ќе се бори и со Tesla Model Y

„Ford“ планира да претстави достапен електричен модел со голем опсег во 2020-та година, а премиерата може дури да е и порано.

Планот за реализација на проектот за нов „CUV“ (Crossover Utility Vehicle) беше претставен во јануари на саемот за електроника „CES“, но се уште нема точни податоци за цената на новиот модел. Но директорот задолжен за технолошкиот развој на „Ford“, Раџ Наир ветува дека моделот ќе биде „достапен“ (на сликата е „Ford Escape“).

„Нашиот план е новиот модел да е достапен, да е масовен. За да ја постигнеме продажбата на елекромобили кои сме си ја поставиле, за тоа треба да нудиме прифатливи модели, инаку тие секогаш ќе останат целосно недостапни автомобили или луксузни стоки“, објасни Наир.

Но „Ford“ не е единствената компанија која планира достапен електрични „SUV“/„CUV“ модел во блиска иднина. На крајот на 2019-та или 2020-та, „Tesla“ ќе претстави компактниот „Model Y“, кој исто така се очекува да е со конкурентна цена. Во исто време треба да се појават компактните електрични „SUV“ модели на „Volkswagen“ и „Volvo“.

А „General Motors“ веќе лансираше таков модел – минатата година се појави најприфатливиот „Chevrolet Bolt“.

Во „Ford“ сметаат дека ќе имаат предност поради досегот, кој ќе го има нивниот модел со едно полнење. Првите планови беа за километража од „барем 480 километри“, но Наир смета дека оваа граница со леснотија ќе биде надмината.

Се уште нема информации за „Model Y“, бидејќи овој електромобил нема да се произведува на платформата на „Model 3“ и затоа е тешко да се прават предвидувања за неговите способности. Но ако „Ford“ обезбеди километража од над 500 километри на својот нов компактен електричен „CUV“, тешко дека „Tesla“ ќе заостане.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП