28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ100.000 долари за една ноќ на Фиџи (фото)

100.000 долари за една ноќ на Фиџи (фото)

Во светот постојат многу одморалишта во кои можете да се подмладите, но само неколку можат во целост да ве релаксираат и да ве наведат да ја впиете сета енергија од нивниот мир и неспоредливата убавина…

Едно од тие ретки е и Private Island Resort на Фиџи наречено Kokomo, кое ќе ви подари толку добри моменти и погодности, што никогаш нема да посакате да го напуштите. Сместено во најдобриот дел од природата на Фиџи, овој резорт ја отвори својата врата минатиот месец, а е дело на замислата на Ленг Вокер, австралиски милијардер.

Наречен според вокеровото прво искуство за едрење, овој резорт ви го нуди најдобриот поглед на вода. Благодарение на гребенот Great Astrolabe кој е во непосредна близина на ова одморалиште, разни, туни, китови се чести посетители кои можете да ги видите одблиску. Ова е исто така идеално место за нуркачи кои сакат да го искусат ова подводно парче од светот.

Што се однесува до сместувањето, на гостите им се достапни резиденции на врвот на брдото кои ги има вкупно пет, а кои имаат од три до шест спални соби. Исто така, тука е и вилата на плажа со шест спални соби и 21 помали вили на таа локација, со една до три спални соби.

Со три ресторани и спа центар, Kokomo е новитет кој веќе успеа да се впише во листата со желби на многумина. Цената на една ноќ во ова одморалиште може да достигне и до 100.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП