Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Отворена музејска поставка на езерскиот животински свет во Стар Дојран

Време: 15:32

Датум: мај 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

По повод Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, Природонаучниот музеј на Македонија ја отвори својата првата подружница со постојана изложба насловена во Стар Дојран.

Новиот музеј е посветен на живиот свет во езерото и дојранската котлина. На интересен начин се претставени стотина видови од животинскиот свет кој живее во езерото, но и растителниот свет, алгите и геолошката историја на самото езеро.

Просторот за музејската поставка го отстапи општина Дојран со цел да придонесе кон едукација и повисока свест за заштита на езерото.

„Природонаучниот музеј на Македонија ја осмисли целата идејна концепција на подружницата и низ континуирана соработка со РЕЦ, локалното население од општината Дојран и редица стручни соработници се постигна комплетна поставка, која го презентира богатиот растителен и животински свет на Дојранското Езеро. Заштитено со статус Споменик на природата, езерото и неговата околина претставуваат вистинско богатство на природните вредности, солиден број значајни видови од национално, европско и глобално значење, и особено живеалиште за 96 регистрирани видови птици“, рекоа од канцеларијата на РЕЦ во Македонија.

Подружницата е уредена на иницијатива на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) со донација во висина од 20.000 американски долари обезбедена преку финансиска поддршка на Медитеранскиот фонд за критични екосистеми, во рамки на проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро“.

Визијата на Природонаучниот музеј на Македонија е подружницата, покрај вршењето на научно-истражувачката дејност и промоција на природните богатства да прерасне во атрактивен туристички објект кој ќе им понуди дополнителни содржини на посетителите, а со тоа ќе придонесе и кон збогатување на туристичката понуда во овој регион.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Богов: Политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст годинава

    Богов: Политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст годинава

    Продолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина, изјави…

  • Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Јапонскиот премиер Шинзо Абе размислува да воведе нови даночни намалувања со цел да ги поттикне компаниите да ги зголемат платите и да ги забрзаат капиталните…

  • Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“ го намали долгорочниот рејтинг на британскиот долг од „А1“ до „Аа2“ со стабилна перспектива, објави „Ројтерс“. Причината е несигурноста поврзана со…

  • Туристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една деценија

    Туристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една деценија

    Туристичката индустрија во Кина се очекува да порасне за просечно 8% годишно од 2017-та до 2027-та година, пред другите големи економии, како што се Индија…

  • Ако се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

    Ако се прашувавте зошто Швеѓаните се таму каде што се

    Граѓаните на земјите од ЕУ, во просек работат 35,6 години, што е за 1,8 години подолго отколку во 2006 година. Според податоците на Евростат, траењето…

  • Швајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

    Швајцарците ќе продаваат чист воздух од Алпите

    Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија и како таков ќе го продава на жителите на многу загадените држави и градови како на пример Кина и Индија.…

  • За детски едукативни инсталации во Скопје ќе се потрошат 4,7 милиони денари

    За детски едукативни инсталации во Скопје ќе се потрошат 4,7 милиони денари

    Градот Скопје по спроведената постапка за јавна набавка и објавениот конкурс за избор на идејно решение и реализација на детски едукативни инсталации во парк „Македонија“,…

  • Тереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во преговорите за Брегзит

    Тереза Меј ја претстави понудата на Британија за излез од ќор-сокакот во преговорите за Брегзит

    Британската премиерка Тереза Меј ги соопшти предлозите за двегодишниот транзициски период по излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година. Таа сака за…

  • Македонија – седиште на центарот за културна соработка меѓу Kина и 16 земји на Централна и Источна Европа

    Македонија – седиште на центарот за културна соработка меѓу Kина и 16 земји на Централна и Источна Европа

    На третиот форум за соработка помеѓу Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16+1), кој деновиве се одржа во Хангџоу, Кина, беше потпишан меморандум…

  • Доставени 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од пролетните мразеви

    Доставени 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од пролетните мразеви

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Бирото за судски вештачења, достави 13.580 барања за проценка на штетите од неповолните климатски настани (доцни пролетни мразеви),…