Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,801.04 0.25%    BESK 10,700.00 1.9%    GALE 600.00 0%    GRNT 756.00 -1.52%    KMB 2,601.78 -2.12%    MPOL 230.00 7.48%    MPT 28,000.00 0%    OHB 5,100.00 0%    RMDEN15 95.00 0%    STB 897.19 4.32%    STBP 748.00 0%    TEL 241.00 0%    TKVS 2,510.00 3.12%    TNB 10,799.68 0.83%    TPLF 1,365.00 -0.15%    UNI 1,800.00 0%    ZPKO 2,500.00 -0.04%    

Проблеми со производите или гаранциите – каде да се пожалите?

Време: 15:15

Датум: мај 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Муштеријата е секогаш во право – оваа изрека не е целосно точна во реалноста. Македонците не се доволно информирани, најчесто не знаат кога и каде треба да се обратат доколку купат неисправен и несоодветен производ, велат од

Само во 2016-та до Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) стигнале 3.658 поплаки што е за речиси 1.000 повеќе во однос на 2015-та.

„Во првиот квартал на 2017-та година во се поголем број решија да се обратат до нас преку електронската пошта за советувања, социјалните мрежи и формуларот на веб страницата на ОПМ. Ги охрабруваме потрошувачите да ги користат овие методи на комуникација како поефикасни и побрзи, но секако се уште сме достапни и преку конвенционалните начини за советување преку телефонскиот број 02 / 3179 – 592“ велат во ОПМ.

Граѓаните најчесто се жалеле на неквалитетни производи кои се расипале непосредно по купувањето како и за непочитување на гарантните рокови.

Во ОПМ објаснуваат и дека често се случува потрошувачите да добијат одговор од сервисот дека производот им е механички оштетен и да им биде прекината гаранцијата, и покрај тоа што во повеќето случаи потрошувачите тврделе дека нема никакво оштетување.

Најчесто проблеми има при сервисирање на мали кујнски производи – блендери, миксери и слично. Според поплаките, и покрај тоа што овие апарати го имаат најкусиот законски утврден рок од 6 месеци, често се расипуваат и во првите 2 месеци, по што следат континуирани сервисирања кои скоро секогаш траат по 30 дена.

„Апелираме до потрошувачите, во вакви случаи да бараат продолжување на гарантниот рок, поради тоа што согласно Законот за заштита на потрошувачите, гарантниот рок на производот се продолжува за онолку време колку што истиот е даден на сервисирање. Потрошувачите секогаш мора да бараат да им биде даден сервисен налог со точни датуми на предавање и примање на производот, што е единствен доказ за извршеното сервисирање“ велат во ОПМ.

Граѓаните може да побараат совет и да се пожалат на одреден производ или услуга секој работен ден од 10.30 до 14.00 часот на телефонскиот број на ОПМ: 02 / 3179 – 592.

Освен организацијата на потрошувачи и повеќе државни органи воведоа директни телефонски линии за пријавување на неправилности.

Расипана или храна со изминат рок се пријавува во Агенцијата за храна на 0800 3 22 22.

Високи телефонски сметки или лоша услуга од телекомуникациските оператори се пријавува во Агенцијата за електронски комуникации на 190.

Неиздавање фискална сметка и слични проблеми се пријавуваат до Државниот пазарен инспекторат на 02 / 3220 – 547.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Европскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

    Европскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

    Извозот на земјоделски производи на Европската унија (ЕУ) почнува да го забавува растот и се враќа кон средните ниво за последните четири години. Ова станува…

  • Либански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

    Либански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска прими делегација на претприемачи од Либан предводена од Самер Соуфан, претседател на Советот на бизнисмени од Либан и претставници…

  • И ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

    И ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

    Грција има потреба од намалување на долгот, за да ја врати довербата на инвеститорите, и покрај желбата на Атина да излезе од програмата со готовински…

  • Повеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

    Повеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

    Над половина граѓани на Велика Британија и Франција сметаат дека една или повеќе членки на ЕУ ќе ја напуштат Унијата во наредните неколку години. Во…

  • УЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

    УЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

    Управата за јавни приходи најави засилен мониторинг на готовинскиот промет во делот на фискализацијата. Од УЈП апелираат даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со…

  • На охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

    На охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

    Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење…

  • Цената на нафтата се спушти под 45 долари

    Цената на нафтата се спушти под 45 долари

    Цената на нафтата од видот Брент вчера падна под 45 долари за барел, што е за првпат од 15 ноември минатата година. Главен фактор за…

  • Потпишани првите договори на Министерот за финансии

    Потпишани првите договори на Министерот за финансии

    Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ги потпиша првите договори откако стапи на министерската функција, а се поврзани со изградба на капитални проекти во руралните…

  • Тевдовски: Ќе има ребаланс на буџетот

    Тевдовски: Ќе има ребаланс на буџетот

    Од Министерството за финанси најавија дека активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека…

  • Како да се намалат штетите од употреба на дроги

    Како да се намалат штетите од употреба на дроги

    „Со клучни одлуки до здрава заедница“ е кампања на Здружението на граѓани ХОПС, за континуирана финансиска поддршка на програмите за намалување на штетите од употреба…