29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВитамин кој ви е неопходен доколку сакате да ослабите

Витамин кој ви е неопходен доколку сакате да ослабите

Освен што има важна улога во зачувувањето на здравјето на коските, овој витамин го забрзува и метаболизмот и ги разградува мастите.

На човековото тело му се потребни голем број на витамини и минерали, кои го овозможуваат неговото нормално функционирање.

Покрај главните нутритивни состојки, се покажа дека витаминот Д зазема важно место, особено за женското здравје.

Овој витамин го поттикнува производството на калциум, ги одржува коските здрави, успешно се бори против анксиозноста, а новите истражувања велат дека многу добро делува и на слабеењето.

„Доколку сакате да ослабите, земајте секојдневно витамин Д непосредно пред оброкот. Тој најдобро делува во комбинација со мастите бидејќи ги разградува мастите во човековиот организам. Најефикасни резултати се постигнуваат доколку го консумирате со појадокот кој, по правило, би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот“, истакна нутриционистката Кери Клифорд и додаде:

„Истражувањата за витаминот Д континуирано растат, а покрај неговата најпозната улога за зачувувањето на здравјето на коските, овој витамин помага и во одржувањето на здравјето на сите клетки во организмот, благотворно делува на многу функции на мозокот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува работата на метаболизмот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП