19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Тремоло“ - Осмиот интернационален фестивал за класична гитара

„Тремоло“ – Осмиот интернационален фестивал за класична гитара

Осмиот интернационален фестивал за класична гитара „Тремоло“ ќе се одржи во Скопје, од денеска до 21 мај, во организација на Градот Скопје и Детскиот културен центар „Карпош“.

Натпреварот е за класична гитара за сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

Членови на жирито се гитаристите Влатко Стефановски, Тони Китановски, Мартин Крајчо, Дејан Лазаревски, Миле Ѓорѓевски, Немања Клинчаров и Бојан Гажоски.

Вечер и утре ќе се одржат два концерта во Културно-информативниот центар „Салон 19/19“, а на 21 мај ќе настапат победниците на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП