23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКаде се продаваат најскапите и најевтините iPhone-и во светот?

Каде се продаваат најскапите и најевтините iPhone-и во светот?

Секој пат кога некој нов „iPhone“ влегува на пазарот, вообичаена глетка се долгите редици пред вратите на продавниците на „Apple“ со желни луѓе да се здобијат со првите примероци.

Но цената на „iPhone“ варира многу во одделните земји, па ако во следните месеци ќе патувате до САД, Јапонија или Хонг Конг, може да се купи телефон оттаму и да заштедите над 300 долари (270 евра).

За луѓето кои сакаат да купат „iPhone 7“, повеќето достапни се продаваат во САД (815 долари), Јапонија (815 долари) и Хонг Конг (821 долари). Најскапите телефони се продаваат во Турција (1.200 долари), Бразил (1.115 долари) и Русија (1.086 долари). Тоа значи дека „iPhone 7“ во Турција е чини речиси 50% повеќе отколку во САД.

„Ако сте на одмор во Турција, Бразил, Русија или Грција, пробајте да ги избегнете продавниците на „Apple“, бидејќи цената на „iPhone“ е со 25 до 50% повисока отколку во САД. Најевтино е да се купи телефон во Јапонија, Хонг Конг, Малезија и Канада “, забележува Џим Рид од „Deutsche Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП