28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе му го кажувајте ова на шефот - ќе останете без работа

Не му го кажувајте ова на шефот – ќе останете без работа

Многумина забораваат дека покрај трудот и залагањето важно е и како ќе комуницирате со својот шеф.

Ако јазикот ви работи побрзо од паметот можете да се поздравите со напредувањето или зголемувањето на платата. Ви претставуваме пет зборови или фрази кои никако не смеете да ги кажете пред својот шеф.

1. Неможам

Пречестото користење на овој збор на работа ќе ви прикаже како некој кој нема доволно самодоверба или волја да преземе иницијатива.

2. Се надевам

Иако оваа фраза не е негативна, користењето на истата значи дека не сте сигурни дали нешто ќе се оствари или не, дека немате внимателно испланирана стратегија, туку само покажувате надеж нешто да се оствари.

3. Не

Некогаш на шефот треба навистина да му кажете не, но не кога тоа не е нужно. Можете да поставувате прашања, да се повлекувате, да преговарате, но не кажувајте не без да размислите со кои последици можете да се соочите.

4. Го загубив клиентот

Да загубите клиент никогаш не е добро за работата. Ако работите во продажба, наместо да кажете дека сте го загубиле клиентот, набризина анализирајте зошто не сте ја склопиле работата, па во својот извештај можете да додадете и што сте научиле од ова искуство.

5. Тоа не е моја работа

Оваа фраза често ја користат вработени во големи корпорации и работодавците воопшто не сакаат да ја слушнат. Ако вашиот шеф замоли нешто да направите, тогаш тоа е ваша работа. Освен ако навистина не знаете како да ја обавите, подобро да премолчите и да го сработите побараното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП