24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Македонисимо“ на Симон Трпчески премиерно во Германија

„Македонисимо“ на Симон Трпчески премиерно во Германија

„Македонисимо“, новиот проект на македонскиот пијанист Симон Трпчески, беше премиерно претставен пред германската публика во Лудвидсбург.

Освен на пијано, Трпески свиреше и на хармоника, па дури и запеа песни од разни краеви на Македонија во препознатливиот македонски ритам, аранжирани во соработка со македонскиот композитор Панде Шахов. Композициите беа изведени со тимот во чиј состав беа Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал и Влатко Нушев на удиралки.

Трпчески за Македонското радио изјави дека едвај ги чека следните изведби на проектот за кои се надева дека ќе наидат на добар прием кај публиката.

„Луѓето беа одушевени и мене ми е исклучително драго што на овој начин се заокружи овој проект, што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни кои ѝ носат шарм на целата инструментална димензија од 80 минути музика. Искрено се радувам и едвај ги чекам следните изведби на проектот и се надевам дека насекаде низ светот каде што ќе успеам да го претставам ќе наиде на убав прием кај публиката, рече Симон Трпчески.

На 6 јули проектот „Македонисимо“ ќе биде изведен пред словенечката публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП