Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,699.89 -1.71%    BESK 10,708.00 -0.26%    KMB 2,700.00 0%    MPOL 214.00 6.47%    MPT 27,000.00 0%    OHB 4,700.00 -0.91%    PKB 13,500.00 0.01%    STB 949.90 -0.47%    TPLF 1,422.65 0.88%    UNI 1,319.00 -2.94%    

Каде, по ѓаволите, се бегалците?

Време: 10:50

Датум: мај 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Што се случува со оние над милион бегалци кои пристигнаа во Германија по летото 2015-та? Половина од нив се подготвуваат за излез на пазарот на трудот, и обично почнуваат во ниско платените професии – како чистачи, курири, кујнски персонал.

Миграцискиот бран кон Германија се повлече, барем во прво време. Во земјата е мирно, пишува „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ и информира дека приемните центри во Германија се полупразни. Во провинцијата Хесен, на пример, во есента 2015-та имало 62 приемни центри, а таму беа сместени 25.000 бегалци. Денес работат само 9 центри, кои даваат засолниште на 2.500 бегалци. И во другите германски провинции нагло опаднал бројот на бегалците кои се сместени во малиот број на центри кои сеуште работат. Дел од засолништата се одржувани во мирување – во случај дека во текот на летото ќе почнат да пристигнуваат повеќе бегалци.

Но, што се случува со сите оние луѓе кои пристигнаа во Германија во текот на летото на 2015-та година? Каде се, како живеат, колку од нив најдоа работа?

Секој кој ќе побара одговор на овие прашања, ќе треба да се во костец со безброј статистики, да разговара со градоначалници и специјалисти од канцелариите за труд и, природно, да се сретне со самите бегалци. Токму тоа го направил новинарот на „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, кој резимира дека конечно се појави една отрезнувачка слика со неколку зраци на надеж.

Уште на самиот почеток се виде дека многу од бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан не само што не ги поседуваат потребните јазични познавања, но и немаат никаква професионална квалификација. Односно, дека не можат брзо да најдат работа. До средината на минатата година триесетте најголеми германски компании кои се застапени на берзата, беа вработиле едвај 54 бегалци, а 50 од нив работат за концернот „Deutsche Post“.

Веќе е јасно дека ќе треба доста време додека бегалците да можат да излезат на пазарот на труд. Овој заклучок се одразува и во статистиката на Федералната агенција за труд. Само во 2015-та година во Германија пристигнаа 890.000 лица, а во 2016-та уште 280.000.

Повеќето од овие луѓе не се бројат во статистиката за невработеноста, бидејќи се уште се во процес на обука и квалификации. Во март како бараат работа беа регистрирани близу половина милион бегалци. Од нив 83.000 беа вклучени во „настани во рамките на политиката за пазарот на труд“, 166.000 во курсеви за интеграција. Како невработени се регистрирани само 177.000. Повеќето од нив можат да вршат само помошни активности и бараат работа како чистачи, курири, кујнски персонал или во трговијата.

Од статистиката се гледа дека до денес само мал број бегалци нашле социо-обезбедена работа. И пак, како што може да се очекува, половина од овие луѓе вршат помошни активности. За да избегаат од невработеноста, новодојдените обично ги прават првите чекори како наемници, во сферата на услугите или угостителството, често пати и во автосервисите.

Стекнатото веќе долгогодишно искуство покажува и уште нешто: да, многу важно за бегалците е да најдат работа. Но тоа не е сè. За да бидат успешно интегрирани овие стотици илјади луѓе, многу е важно каков уште отпрвин ќе биде нивниот живот во Германија – дали ќе најдат пријатели, дали ќе се разбираат со соседите. Во многу случаи се покажува дека условите за сето тоа се многу поповолни на село, отколку во големите градови.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Трамп: Американците може да останат без работа поради Брегзит

    Трамп: Американците може да останат без работа поради Брегзит

    Американскиот претседател Доналд Трамп е загрижен дека Американците би можеле да ги изгубат работните места поради излегувањето на Британија од ЕУ, соопшти неименуван извор. На…

  • Aнализа за почетокот на летната туристичка сезона

    Aнализа за почетокот на летната туристичка сезона

    Туристичко-угостителската комора на Македонија (ТУК) излезе со анализа пред почетокот на летната сезона, во која вели дека дел од аранжманите се продадени. Тоа е резултат…

  • Реалните приходи на Русите се намалија до нивото од 2009-та

    Реалните приходи на Русите се намалија до нивото од 2009-та

    Реалните приходи на Русите продолжуваат да се намалуваат, иако руската економија забележа во 2016-та година регенеративна динамика. Според податоците во април намалувањето на приходите го…

  • Виенскиот аеродром „Швехат“ прогласен за најдобар во Европа

    Виенскиот аеродром „Швехат“ прогласен за најдобар во Европа

    Аеродромот „Швехат“ го доби признанието на „Airport Council International (ACI)“ за пружање услуги од извонреден квалитет во категоријата на европски аеродроми со промет од 15…

  • Народна банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија

    Народна банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија

    Народната банка на Република Македонија во априлската проекција прогнозира раст на македонската економија од 2,5 проценти за годинава по што би следело забрзување на 3,2…

  • График на денот: ЕУ има потенцијална дополнителна работна сила од 11 милиони лица

    График на денот: ЕУ има потенцијална дополнителна работна сила од 11 милиони лица

    Заедно со економски активното население на возраст од 15 до 74 години (224 милиони вработени и 21 милиони невработени) во 2016-та година, речиси 11,1 милиони…

  • Дипломатскиот синдикат бара од новата влада да ги запре штетните економски политики

    Дипломатскиот синдикат бара од новата влада да ги запре штетните економски политики

    Синдикатот на македонската дипломатска служба бара новата влада да реагира негативно на пораките да се продолжи со политиките за странски инвестиции кои ги воспостави ДПМНЕ, а со цел, како…

  • Трет регионален годишен состанок за интернет владеење

    Трет регионален годишен состанок за интернет владеење

    Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, се обрати на отворањето на третиот регионален годишен состанок за интернет владеење SEEDIG (South Eastern European…

  • Општина Центар дава привилегиран паркинг билет за спортски работници

    Општина Центар дава привилегиран паркинг билет за спортски работници

    Директорот на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната прес-конференција го претстави новиот привилегиран паркинг билет за тренери и членови во спортски клубови…

  • ОИЕ секторот дава работа на речиси 10 милиони луѓе во светот

    ОИЕ секторот дава работа на речиси 10 милиони луѓе во светот

    Секторот на обновливите извори на енергија (ОИЕ) обезбедил вработување на 9,8 милиони луѓе во светот во 2016-та година. Тоа е значително зголемување во однос на…