29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените на нафтата на ниво под 52 долари

Пад на цените на нафтата на ниво под 52 долари

Цените на нафтата паднаа во четврток на меѓународните берзи под нивото од 52 долара под влијание на информациите дека пазарот е обилно снабден со сурова нафта и покрај обидите на ОПЕК и другите големи производители да го ограничат производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше во минус 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,61 долар. На американскиот пазар цената беше во минус 55 центи и изнесуваше 48,52 долара.

Пазарот во среда беше поткрепен со информацијата за падот ан американските резерви на сурова нафта минатата недела за 1,8 милиони барели, шт9о сепак е помал од она што го очекуваа аналитичарите.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во среда изнесувала 49,43 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП