Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,736.57 5.38%    BESK 11,970.93 5.66%    FERS 49,501.00 -1.33%    GRNT 792.81 3.17%    KMB 2,803.59 3.17%    MKSD 250.00 23.76%    MPT 29,891.18 1.48%    MTUR 4,000.00 0.25%    OHB 6,025.00 9.55%    OKTA 4,200.00 0%    PPIV 39,000.00 1.57%    RZIT 25.00 0%    RZLV 90.00 5.88%    RZUS 182.99 2.75%    SBT 1,822.00 2.94%    STB 889.92 0.02%    STIL 148.29 0.36%    TEL 250.00 0%    TETE 1,448.47 3.46%    TKVS 2,800.00 5.74%    TNB 12,759.93 6.25%    TPLF 1,737.36 -1.23%    TTK 799.80 0.02%    UNI 2,259.88 1.89%    VROS 14,000.00 514.04%    ZILU 158.00 2.6%    

Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствени и нови капацитети. Отворена 126-тата бензинска станица.

Време: 16:41

Датум: мај 18, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствени, нови капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус. При тоа, со постојана тимска работа на стручниот и професионален кадар, Макпетрол АД Скопје ги имплементира највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати.

Денеска во 12 часот, свечено беше отворена новата Бензинска станица во близина на Општина Желино, на која присуствуваа високи претставници на компанијата.

„Со работа започнува и оваа, нова бензинска станица. Следуваат уште нови инвестиции со што и понатаму го задржуваме приматот на најголема компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во републиката. Со зголемувањето на мрежата на бензински станици на нашите потрошувачи им овозможуваме нови содржини, како и подобра достапност на територијата на целата држава. Дополнителен, и исто така важен мотив за нас како компанија, беше креирањето на нови работни места, што ќе бидат обезбедени со отворањето на нови бензиски станици предвидени со инвестициониот план за оваа година.

Истовремено, оваа бензинска станица ќе биде уште еден мотив плус за учество во големата наградна игра „70 години Макпетрол“ за членовите на Верна програмата за лојалност, меѓу кои албанците од овој регион се едни од најлојалните потрошувачи на горивата на Макпетрол.“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

„Како општествено одговорна компанија, овој период бевме насочени кон соработка со локалното основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, општина што се наоѓа во наша непосредна близина. Овој пат учениците од ликовната секција добија задача да ја насликаат оваа бензинска станица, а убавите резултати од нивниот труд, а секако и трудот на нивната професорка, можеме да ги видиме“. – додаде Тасевски.

На настанот претставниците на Макпетрол АД Скопје ја предадоа донацијата на основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, а ја прими директорот Рухи Демири кој изрази голема благодарност и потенцираше дека е благодарен што постојат компании како Макпетрол АД кои активно помагаат во општеството.

„Дадената донација која ја дибивме е од огромно значење затоа што ќе им помогне на учениците и наставниците во реализирање на бројни настани и проекти. Овој чекор се надевам дека ќе ги поттикне и другите компании да го следат чекорот на Макпетрол АД и да помагаат во општеството“ – изјави Рухи Демири, директор на ОУ „Луиѓ Гуракуќи“.

„За крај, сакам да споменам дека албанците од овој регион се најлојалните потрошувачи на горивата на Макпетрол АД“. – додаде Демири

„Макпетрол ја заокружи минатата година со одлични финансиски резултати и со исто темпо продолжува и во оваа година. Продолжуваме со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови низ републиката. Зацртаниот инвестициски циклус не завршува со оваа бензинска станица – наскоро не очекува отворање на новата бензинска станица во Вевчани.

Во оваа бензинска станица се инвестирани околу 170 милиони денари, а истата ќе обезбеди 10 нови вработувања. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Во согласност со својата корпоративна стратегија, Макпетрол, постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Покрај загарантираниот квалитет на горива кои ги нуди компанијата на македонскиот пазар, секогаш ги следи најновите достигнувања во дистрибуцијата на нафтените деривати.

„Оваа модерна бензинска станица, 126-та по ред во синџирот на Макпетрол, на нашите потрошувачи ќе им овозможи користење на сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителни услуги кои ќе можат да ги добијат во современата продавница“.- додаде Георгиевски.

„Продолжуваме со квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива што претставува гаранција дека Макпетрол и понатаму ќе биде водечка компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на растечките енергетски потреби на општеството“. – додадоа од компанијата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Vodafone оствари добри резултати благодарение на пазарите во Шпанија и Италија

    Vodafone оствари добри резултати благодарение на пазарите во Шпанија и Италија

    Британската телекомуникациска компанија „Vodafone“ забележа добри перформанси за првото фискално тромесечје. Приходите на „Vodafone“ од услуги се зголеми за 2,2% во текот на овој период…

  • Finnair се подготвува да ја заземе Азија

    Finnair се подготвува да ја заземе Азија

    „Finnair“ сака да ги зајакне летовите до Азија, кои се околу половина од целиот нејзин капацитет и цели да превезува до 20 милиони патници годишно…

  • Добрите резултати за вториот квартал ја поддржаа годишната прогноза на SAP

    Добрите резултати за вториот квартал ја поддржаа годишната прогноза на SAP

    Германската софтверска компанија „SAP“ најави програма за откуп на акции и ја зголеми годишната прогноза, благодарение на растот во второто фискално тримесечје. „SAP“ предвидува заеднички…

  • Казна од два милиона долари за „Ексон мобил“

    Казна од два милиона долари за „Ексон мобил“

    Министерството за финансии на САД одлучи да ја казни мултинационална компанија за нафта и гас „Ексон мобил“ со два милиона. „Ексон мобил“ е казнета бидејќи…

  • Вип отвори уште еден канал за комуникација со корисниците, разговори во живо преку Live chat

    Вип отвори уште еден канал за комуникација со корисниците, разговори во живо преку Live chat

    Следејќи ја својата заложба за целосен фокус кон корисниците, Вип воведува уште една новина и на своите корисници им овозможува сосема нов канал за комуникација–…

  • Unilever одговори на очекувањата со резултатите за кварталот

    Unilever одговори на очекувањата со резултатите за кварталот

    Британско-холандската компанија „Unilever“ го изострува својот фокус на профитабилност, така што ги зголемува цените и намалува трошоците во сите сфери – од летовите на вработените…

  • Electrolux ги зголеми прогнозите за раст во Северна Америка

    Electrolux ги зголеми прогнозите за раст во Северна Америка

    Најголемиот производител на апарати за домаќинство во Европа „Electrolux“ ја зголеми прогнозата за раст во Северна Америка, откако профитот ги надмина очекувањата, а продажбата на…

  • Зошто е важно да носите облека по мерка?

    Зошто е важно да носите облека по мерка?

    Изборот на облека по мерка е едно од основните правила на добриот стил, а стилот на облекување во голема мера влијае на мислењето кое другите…

  • Discovery и Scripps Networks водат преговори за спојување?

    Discovery и Scripps Networks водат преговори за спојување?

    Медиумските компании „Discovery Communications“ и „Scripps Networks Interactive“ водат преговори за спојување, ревизија на зделката од која се откажаа пред три години, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи…

  • Reckitt Benckiser го продава прехранбениот бизнис за 4,2 милијарди долари

    Reckitt Benckiser го продава прехранбениот бизнис за 4,2 милијарди долари

    Американскиот производител на зачини „McCormick & Co.“ објави дека го купува прехранбениот бизнис на британскиот конгломерат за широка потрошувачка „Reckitt Benckiser Group“ за 4,2 милијарди…