29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРА15 работи што сигурно ќе го изнервираат вашиот шеф

15 работи што сигурно ќе го изнервираат вашиот шеф

shef1

Без оглед на тоа дали се надевате на промоција на работа, или едноставно се обидувате да изградите здрави односи, важно е да знаете како функционира вашиот шеф. Мора да знаете што цени, кого го почитува и што не може да поднесе.
Доколку сакате да се искачите на корпоративните скалила најдобро е ги избегнете овие 15 начини, кои го иритираат секој шеф.

1. Доцните, а влегувате во канцеларија со кафе во рака 

Доколку влезете ноншалантно во канцеларија со задоцнување од 20-минути, држејќи во едната рака кафе, многу е голема веројатноста тоа да биде лошо сватено од страна на шефот. Ако сте куси со време, прескокнете  го кафето.

2. Не сте соодветно облечени

Вашиот претпоставен не сака да се чувствува како ваш татко или мајка, па нема да биде воодушевен ако редовно има потреба да ве потсеќа на кодексот на облекување. Гледајте да изгледате професионално и сетете се дека е подобро да се потпрете малку кон поконзервативната страна.

3. Редовно ги истакнувате своите достигнувања

Фалењето е повремено добро, но ако гласно триумфирате над секоја мала победа, ќе ги иритирате и колегите и шефот. Зачувајте ја вашата пофалба за оценување на крајот на годината и секогаш имајте на ум дека своите успеси се издвојуваат со цел – на пример, кога ќе треба да преговарате за платата.

4. Велите “Ќе се обидам” наместо “Ќе го направам”

Кога вашиот шеф ќе ве праша дали сакате да завршите нешто, тоа значи дека од вас очекува да го завршите тоа. Формирајте ги вашите одговори внимателно, бидејќи дури и во мали ситници во увото на менаџерите може да звучат поинаку. Наместо да кажете “Ќе се обидам да го направам ‘, уверете го вашиот шеф велејќи “Нема проблем, ќе го сработам тоа штом ќе ја завршам оваа задача”.

5.Поставувате лични прашања

Вашиот шеф ќе сподели некои лични информации кога тоа е соодветно, така што треба да се воздржите од премногу интимни прашања. Малите разговори понекогаш се добредојдени, но никогаш не заборавајте да ги одржите професионално границите за време разговорите.

6. Озборувања за колеги

Повеќето од информациите секогаш ќе си го најдат својот пат, така што веројатноста е голема вашиот шеф  да ги дознае од некој друг сите скандали. Никој не ги сака канцелариските шпиуни и улизувачи. Доколку на вашиот шеф му ги раскажувате тајните на своите колеги, тоа му кажува многу повеќе за вашиот карактер отколку за карактерот на другите.

7. Стискате “Лајк” на сите негови / нејзини статуси

Можеби сте пријатели на Фејсбук, но тоа не значи дека треба да му ги лајкувате сите статуси, или да му коментирате на секоја слика. Држете ја сајбер интеракцијата на минимум.

8. Имате неуредно биро

Повеќето шефови не бараат просторот да ви биде кристално чист, но никој од нив не сака тоа да биде планина од хартија. Уредното биро го покажува чувството на одговорност.

9. Му се жалите за фотокопирот

Факсот нема хартија, интернетот е бавен и искрено – климата не работи. Вашиот шеф не е заинтересиран за вашите мали проблеми, бидејќи тој е одговорен за многу посериозни работи. Контактирајте соодветен сектор или обидете се да си ги решите проблемите сами.

10. Крадење канцелариски материјали

Само затоа што еден плакар е полн со хартија, не значи дека треба да земете пакет или два. Многу брзо шефот ќе ја изгуби довербата во вас, ако ве фати како крадете канцелариски материјали. Крадењето е крадење и никој нема да промовира вработен кој е познат по крадење на материјали од компанијата.

11. Занемарување телефонски повици и не одговарање на e-mail

Ако не одговарате на телефонските повици, и  вашиот inbox постојано е преполн, погодите кој прв ќе слушне за тоа? Вашите претпоставени. Ако не им одговорате на клиентите и на колегите, луѓето се принудени да се јават кај вашите претпоставени. Бидете сигурни дека нема да им кажат многу убави зборови.

12. Му нудите помош за се и сешто

Треба понекогаш да понудите помош, но не претерувајте, бидејќи во спротивно ќе почне да бега од вас и ќе ве смета за улизувач.

13. Ги исмејувате неговите лоши навики

Тој се насмеал кога прв пат се шегувавте дека го прескокнува појадокот. Шестиот пат, верувајте, не му е толку смешно. Бидете љубезни и одржувајте ја иронијата на минимум, за да не го навредите.

14. Барате поголема плата пред да ја завршите својата задача

Паметните знаат колку вредат и бараат соодветно зголемување на платата, но знаат дека тоа мора биде поддржано со резултати. Чувајте папка со вашите резултати и постигнувања, така што аргументите може да ги искористите за барање на повисока плата кога ќе се укаже таква можност.

15. Работите цело време

И ти си човек, и шефот е човек. Не биди робот кој се појавува во утринските часови на работа, работи, а потоа си оди дома. Учествувај во разговорот, шегувај се, не плашете се да се насмеете. Простор за забава има и на работното место, така што слободно можеш да ги споделиш шегите и да уживаш во својата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП