Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,840.86 0.69%    GRNT 759.67 0.49%    INEK 600.00 0%    KMB 2,600.00 -0.07%    MPT 28,000.00 0%    OHB 5,100.00 0%    OKTA 2,678.00 3%    STB 896.09 -0.12%    STBP 750.00 0.27%    TNB 10,799.85 0%    TPLF 1,365.00 0%    UNI 1,821.38 1.19%    

Здраво слабеење: Како да внесувате помалку калории?

Време: 12:35

Датум: мај 18, 2017

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Слабеењето може да биде многу едноставно и да не одзема многу од вашата енергија. Едноставно треба да најдете начини да ја намалите консумацијата на калории, без тоа да ви создава чувство дека се лишувате од нешто.

Се разбира, резултатите нема да бидат видливи за неколку дена, но откако ќе ги намалите килограмите на ваков начин, многу потешко ќе си ги вратите и со тоа ќе го избегнете јо-јо ефектот што го имаат диетите.

Еве неколку едноставни начини да го намалите бројот на калории што секојдневно ги внесувате:

Изберете портокал наместо џус. Една чаша свеж сок од портокал содржи околу 110 калории. Од друга страна, еден портокал со средна големина содржи 80 калории. Моментално намалувате 30 калории.

Наместо 2 цели јајца, изберете 4 белки. Едно тврдо варено јајце со средна големина има околу 70 калории. Белката од јајцето има само 17. Ако изберете за појадок 4 белки наместо 2 цели јајца, ќе ги намалите внесените калории за 70.

Заменете го кафето со зелен чај. Зелениот чај содржи кофеин, па ако сте обожавател на кафето, добра и здрава замена за него е зелениот чај. Кафето крие многу повеќе калории од чајот, особено ако го пиете со шеќер и млеко. Плус тоа, јапонските научници тврдат дека консумирањето 5 чаши зелен чај дневно може да согори дополнителни 70-80 калории.

Користете сенф наместо мајонез. Сигурно знаете дека мајонезот е покалоричен од сенфот, но можеби ќе ве изненади колкава е разликата во калориите. Една лажица мајонез содржи 90 калории, а една лажица сенф околу 5 калории. Соодветно, ако намачкате две парчиња леб со сенф наместо со мајонез, ќе успеете да скратите дури 170 калории.

Изберете 1 чаша вино наместо 2 пива. Алкохолот е многу калоричен, па дури и да внимавате на исхраната, може непотребно да си го уништите трудот ако консумирате алкохол. Сепак, за да не се делите од друштвото, треба да знаете да правите паметен избор кога сте излезени. Едно мало шише пиво содржи околу 155 калории, а една чаша суво бело вино околу 115 калории. Секоја втора пијачка заменувајте ја со обична минерална или газирана вода.

Заменете ги газираните сокови со газирана вода. Особено треба да сте внимателни со т.н. течни калории. Газираните сокови докажано се штетни за здравјето, но многу е тешко луѓето да се одвикнат од нив. Освен за здравјето, тие се штетни и за вашата фигура. Една чаша Кока-кола содржи 103 калории, а природната газирана минерална вода не содржи калории.

Јадете супа пред главното јадење. Супата го полни стомакот и значително го намалува чувството за глад. Истражувањата покажале дека ако започнете со супа, од главното јадење ќе внесете околу 290 калории помалку.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Зошто суплементите не треба да се консумираат заедно со утринското кафе?

    Зошто суплементите не треба да се консумираат заедно со утринското кафе?

    Доколку имате обичај суплементите да ги консумирате со утринското кафе, време е да ја промените таа навика. Имено, кофеинот во кафето може да ја намали…

  • Мешунките како превенција за дијабетес

    Мешунките како превенција за дијабетес

    Резултатите од едно неодамнешно истражување покажаа дека мешунките како леќа, наут, грашок, соја и слично помагаат како превенција за дијабетес тип 2. Во истражувањето учествувале…

  • Необичен чај против несоница

    Необичен чај против несоница

    Бананите изобилуваат со бета-каротен, витамини од групата Б и витамин Ц и Е. Содржат многу хранливи влакна и препорачливо е да се консумираат секое утро.…

  • Солената храна го зголемува апетитот

    Солената храна го зголемува апетитот

    Широко распространето е мислењето дека солената храна ја зголемува жедта. Меѓутоа, едно неодамнешно истражување спроведено за време на симулација на мисија на Марс, покажало дека…

  • Хранливи материи со кои изобилува чија семето

    Хранливи материи со кои изобилува чија семето

    Чија семето потекнува од Централна и Јужна Америка, а во голема количина се користи во Аргентина и Перу. Во текот на последните години чија семето,…

  • Моќен напиток кој го намалува холестеролот – Секој ден пијте по 100 мл

    Моќен напиток кој го намалува холестеролот – Секој ден пијте по 100 мл

    Магдоносот содржи две групи на специјални состојки, многу важни за здравјето. Магдоносот во секојдневната подготовка на храната е исклучителен сојузник на здравјето, а на јадењата…

  • Кардио тренинг за брзо согорување на мастите (видео)

    Кардио тренинг за брзо согорување на мастите (видео)

    Сакате брзи резултати? Всушност сакате на брз и не толку тежок начин да го отстраните вишокот масти од вашето тело… „Fitness Blender“ креираа кардио тренинг…

  • Ослободете се од камен во бубрегот за 10 дена

    Ослободете се од камен во бубрегот за 10 дена

    Просото е хранлива и здрава житарка која делува така што ги разградува камењата, песокот и талогот во бубрезите и мочниот меур. Бубрежните камења можат да…

  • Зелен шејк за прочистување на организмот

    Зелен шејк за прочистување на организмот

    За да го закрепнете својот организам, да го прочистите од наталожената масна, солена, зачинета и блага храна, денот започнете го со овој здрав зелен шејк…

  • Намирници кои предизвикуваат појава на акни

    Намирници кои предизвикуваат појава на акни

    Оваа храна би требало да ја избегнувате, доколку сакатe да имате чисто и нежно лице… Сол Големата количина на сол го запира процесот на хидратација…