24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW откри детали од новата M5 (видео)

BMW откри детали од новата M5 (видео)

Компанијата BMW официјално објави детали за новата генерација на „M5“ која ќе биде претставена официјално до крајот на годината. Баварците објавија и видео во кое прототипот за тестирање е покриен со маскирна фолија.

Се потврдува дека новото „BMW M5“ ќе добие 4,4-литарски бензински мотор кој значително ќе помоќен од својот претходник. Агрегатот ќе работи во комбинација со 8-степен менувач „M Steptronic“ со функција „Drivelogic“ и систем за погон на четири тркала „M xDrive“.

„Главниот дел од системот „M xDrive“ е централен блок за програмскиот систем, кој го контролира возилото како при движење напред, така и при влечење настрана. Тоа значи дека во новото „BMW M5“ ќе дебитира со една уникатна технологија со истакнување на спортските карактеристики на погонот на задните тркала со ефикасноста на системот „4×4““, објасни шефот на „BMW M GmbH“, Франк Ван Мил.

При активирање на системите за динамична контола на отпорноста „DSC“, возачот има на располагање три режими – „4WD“, „4WD Sport“ и „2WD“. При првиот системот „M xDrive“ се прилагодува на таков начин што обезбедува оптимална управливост. Во режимот „4WD Sport“ технологијата ги активира спортски поставки, а при „2WD“ се префрлува на задните тркала и спортскиот диференцијал.

Автомобилот е изграден на скратена платформа на „Series 7“, благодарение на која е значително полесен од сегашната генерација. А објавеното видео потврдува повеќе од карактеристиките на моделот, за кои веќе се знаеше. Моќноста на моторот ќе се зголеми од сегашните 560 КС на 600 КС и 700 Нм. Ова ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди. Просечната потрошувачка на гориво ќе биде 10,5 л/100 км.

Продажбата на новата „BMW M5“ ќе стартуваат веднаш по премиерата на моделот. Главниот конкурент на спортскиот седан ќе биде „Mercedes-AMG E63“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП