23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинетиот Vines Resort & Spa (фото)

Префинетиот Vines Resort & Spa (фото)

Во прекрасниот амбиент на Мендоза, регион во Аргентина познат по виното, во близина на подножјето на Андите, се наоѓа прекрасниот „Vines Resort & Spa“…

Ова место е совршено за одмор за љубителите на виното, авантурите на отворено и истражувачите.

Гостите во ова одморалиште можат за својот одмор да изберат една од 22-те прекрасни камени вили со идиличен ентериер. Секоја од вилите има прозори од подот до таванот, преку кои се овозможува непречен поглед кон Андите. Прекрасната декорација и модерните погодности ја украсуваат секоја од нив, па така многу брзо ќе се почувствате како дома.

Овде мореже да правите речиси се што ќе посакате. Можете да ја истражувате околината, да јавате коњи, да го посетите спа центарот, да риболовите во реката Мендоза, а можете и да се опуштите во пријатната атмосфера покрај базенот. Изборот ви го оставаме на вас. На крајот од денот, можете да уживате и во исклучително квалитетниот оброк заедно со чаша од најпрефинетото вино во овој регион.

По неколку денови поминати на ова место, ќе ви биде многу тешко да се збогувате со оваа идила. Веројатно многу брзо ќе посакате повторно да ја посетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП