29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали во вас се крие одличен претприемач?

Дали во вас се крие одличен претприемач?

Претприемачите најчесто ги следи глас дека имаат големо его. Тоа сигурно им ја отежнува комуникацијата со останатите луѓе, но истовремено тоа е добро за нивниот напредок, кариера и слобода. Всушност, некои луѓе можеби не се најдоброто друштво, но навистина можат да бидат „работодавачи од соништата“.

Дали вие го поседувате тој потенцијал?

Стартувате веднаш, бавно завршувате

Работодавачите имаат навика многу брзо да започнат некој проект, но многу често запираат во одредена ситуација. Тоа е затоа што постојано во главата им се раѓаат одлични идеи и немаат време да дојдат до нивна реализација. Вработените се оние кои треба да ја завршат нивната брилијантна идеја.

Претприемачите за секој проблем имаат по неколку решенија. Ако секогаш имате нови идеи и мозокот ви работи многу брзо, а притоа брзо го губите интересот можеби сте подобар претприемач, отколку вработен.

Мислите дека се што е создадено може да биде и подобро

Овие луѓе не се задоволни кога работата ќе биде добро завршена – тие бараат секогаш нешто подобро и ново. Toa e клучно за континуиран раст на фирмата.

Препреките ве потикуваат повеќе да се залагате

Претприемачот најчесто бара нови методи и решенија за решавање на проблемите. Тој секогаш наоѓа полесни начини нешто да направи. Некои тоа го разбираат како мрзеливост, но пронаоѓањто на полесен и побрз пат за фирмата значи помалку трошоци, што е клучно за опстанокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП