24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКрај на една ера: MP3 e „мртов“

Крај на една ера: MP3 e „мртов“

Дигиталниот аудио формат кој го промени начинот на слушање музика во светот и официјално е „мртов“ – „MP3“ заминува во историјата. Форматот и буквално е прогласен за мртов и тоа не од аналитичарите, новинарите или корисниците, туку од оние кои го создадоа.

Германскиот „Fraunhofer Institut“, кој во 1995-та година го лансираше новиот формат тонско/музички фајл, на својот сајт објави дека се што е поврзано во врска со „MP3“ форматот е згаснато. Враќање нема, „MP3“ и официјално напуштен од страна на развојниот тим, кој се до оваа година стоеше зад него.

Употребата на „MP3“ форматот немад а престане, кога станува збор за крајните корисници, но со текот на времето ќе биде заборавен и од нивна страна. Причината за неговиот крај е едноставен. Објаснување даде директорот одделението во „Fraunhofer Institut“ работел на „MP3“ форматот, Бернхард Грил:

„Постои подобар и квалитетен формат. Тоа е „AAC“ или „Advanced Audio Coding“ форматот, кој практично стана стандард кога станува збор за музичките записи или музичките видео предлози, било да станува збор за компјутери или мобилни уреди“. Според неговите зборови, „AAC“ во однос на „MP3“, има многу подобар учинок и далеку поголема функционалост.

Интересно е дека „Fraunhofer Institut“ помогна во развојот на форматот „AAC“ и неговото подобрување до нивото во кое денеска се наоѓа, па може да се заклучи дека германските програмери и „Fraunhofer Institut“ всушност се „виновни“ за целата ситуација.

Своите златни моменти „MP3“ форматот го доживеа кон крајот на деведесетите години од минатиот век, кога „Apple“ го претстави својот „iPod“ уред. „MP3“ тогаш стана стандард, а дополнително се прошири благодарејќи на „iPod“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП