23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕAzura Quilalea - Фантастичен приватен остров (фото)

Azura Quilalea – Фантастичен приватен остров (фото)

Приватниот остров Azura Quilalea во својот фокус го има мирот и релаксацијата и претставува тропски рај кој долго време не бил населен.

Сега тој на своите гости им нуди девет прекрасни вили, во близина на брегот на Мадагаскар.

Азурните води на Quirimbas Archipelago Marine Sanctuary ви обезбедуваат совршено опкружување за незаборавен одмор, бидејќи имате непречен поглед кон сите чуда на природата во овој дел од светот.

Од јули до ноември, групи на китови поминуваат околу овој остров и ве поздравуваат, додека во периодот од ноември до април многу лесно можете да ги сретнете желките кои ги положуваат своите јајца веднаш покрај плажата.

Деветте вили кои се наоѓаат овде во најмала рака се неверојатни, а се фалат со луксузни погодности како што е постелнината од египетски памук, отворени-затворени Baobab тушеви и клима, додека шише француски шампањ ве дочекува веднаш по пристигнувањето.

Целото искуство од одморот овде е спектакуларно, што и сами ќе го забележите. Овде во понудата ви е и отворениот базен, како и девствената плажа.

Спортовите на вода исто така се дел од понудата. Опремата за нуркање и кајак многу лесно ќе ја најдете, но и ексклузивниот пикник, романтичната вечера на плажа или третманите во African Spa центарот сигурно ќе го привлечат вашето внимание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП