25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува Galaxy J7 Max со 4 GB RAM

Пристигнува Galaxy J7 Max со 4 GB RAM

Поголемата работна меморија вообичаено е резервирана за ТОП моделите на мобилни уреди. Но „Samsung“ наскоро ќе претстави и еден евтин со 4 GB RAМ–„Galaxy J7 Max3“.

Според податоците достапни на Интернет, уредот покрај големата работна меморија ќе добие и поголем екран во однос на досегашните „Galaxy J7“ модели. Екранот ќе има дијагонала од 5,7-инчи и „FHD“ резолуција oд 1.920 x 1.080.

Имено, се споменува дека уредот ќе има осумјадрен„ MediaTekov SoC“ процесор (Helio P20) со брзина од 1,6 GHz, 32 GB интерна меморија. Просторот за чување на податоци ќе може дополнително да се прошири со помош на „microSD“ картичка.

Од предната и задната страна на уредот би требало да се наоѓа по една камера од 13 MP. Двете камери ќе имаат и сопствен блиц. Извори наведуваат дека енергијата потребна за работа ја обезбедува батерија од 3.300 mAh.

Oчекуваната цена за „Galaxy J7 Max“ e oколу 310 долари но за тоа нема повеќе да зборуваме и ќе почекаме до официјалното претставување (средината на јули 2017-та).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП