Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Microsoft претстави ажурирање на Windows за работа со мобилни уреди

Време: 12:44

Датум: мај 12, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Microsoft“ претстави ново ажурирање на оперативниот систем „Windows 10“, додавајќи клучни функции, од кои најверојатно ќе ги добијат корисниците на графичките контроли на конкурентските мобилни оперативни системи „iOS“ и „Android“, соопштува „Bloomberg“.

Функциите кои ќе бидат дел од надградба на компјутерскиот оперативен систем, ќе им овозможат на корисниците да синхронизираат различни уреди, соопштија претставници на „Microsoft“ на брифингот пред претставувањето на софтверот. Корисниците, на пример, ќе можат да споделат информации што се зачувани на таблата со исечоци, или да се продолжуваат задачи на еден уред, започнати на друго. „iTunes“ – музичката апликација на „Apple“, исто така ќе биде достапна во „Windows App Store“, велат од „Microsoft“.

Производителот на софтвер се посилно ја согледува идејата дека корисниците користат неколку уреди и дека многу од нив, особено мобилните, не го практикуваат „Windows“. Иако главниот извршен директор Сатја Недела охрабри за пакетот „Office“ и други бизнис апликации да се фокусираат на верзии за конкурентните мобилни системи пред три години, улогата на „Windows“ во овој нов свет остануваше прашање без одговор. Сега, „Windows“ ќе се ангажира кон своите конкуренти и ќе бара начини да го направи доживувањето на корисниците со овие уреди подобро, изјави компанијата со седиште во Редмонд, Вашингтон.

„Во нашата есенска надградба за првпат „Windows 10“ ќе ги поврзува сите ваши уреди“, изјави Џо Белфер, потпретседател на „Microsoft“.

За да имаат пристап до новите функции на „Windows 10“, претставени во четвртокот на конференцијата во Сиетл, корисниците ќе имаат потреба од регистрација во „Microsoft“, за да се вклопат во сите уреди и да споделуваат информации.

Компанијата ја покажа и апликација наречена „Story Remix“, дозволувајќи им на повеќето корисници да споделат видео и слики од телефони, така што го комбинира ова со специјални ефекти и музика. „Microsoft“ покажа како технологијата на вештачката интелигенција ги избира најдобрите видеа и слики и ги составува и како корисникот може да повлече некој дел, за да се фокусира само на еден човек.

„Microsoft“ воведе и контролер за мешана реалност, кој ќе работи со очила за виртуелна реалност, развиени од производители на хардвер, уживајќи софтвер на компанијата. Виртуелната реалност ги упатува корисниците во вештачки свет и засега се користи главно во игрите, додека додадена реалност преставува надредени слики во реалниот свет. Мешаната реалност комбинира аспекти и од двете.

Новиот контролер ќе работи без да бара поставување на сензори за движење во соба, за да се следат движењата на корисникот. „Acer“ ќе го обедини контролорот и очилата во пакет за 399 долари за божиќните празници, а прелиминарните нарачки ќе започнат од четвртокот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нејмар во ПСЖ заработува по 4.000 евра на саат

    Нејмар во ПСЖ заработува по 4.000 евра на саат

    Сајтот „Фудбал ликс“, специјализиран за откривање на „тајните“ на фудбалскиот пазар, дошол до сознанија колку Нејмар заработува во ПСЖ. Сознанијата на „Фудбал ликс“ ги објави…

  • Богов: Политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст годинава

    Богов: Политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст годинава

    Продолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина, изјави…

  • Втора победа на Вардар во Лигата на шампиони

    Втора победа на Вардар во Лигата на шампиони

    Актуелниот европски првак Вардар ја забележа и втората победа во ракометната Лига на шампиони. Во рамките од 2.коло во А групата, Вардар вечерва пред својата…

  • Почна 38. фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

    Почна 38. фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

    Со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, а потоа и со премиерата на бугарско – македонската копродукција „Насоки“…

  • Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

    Јапонскиот премиер Шинзо Абе размислува да воведе нови даночни намалувања со цел да ги поттикне компаниите да ги зголемат платите и да ги забрзаат капиталните…

  • Следнaта Mazda 6 ќе има погон на задните тркала

    Следнaта Mazda 6 ќе има погон на задните тркала

    Следната генерација на „Mazda 6“, која ќе биде пуштена во 2019-та или 2020-та година, ќе биде изградена на платформа со погон на задните тркала. Тоа…

  • Газпром двојно го зголеми финансирањето за „Турски тек“

    Газпром двојно го зголеми финансирањето за „Турски тек“

    Руски „Газпром“ планира да ги удвои своите инвестиции во „Турски тек“, објави „Ведомости“, осврнувајќи се на своите извори од гасниот гигант. Според публикацијата, компанијата ќе…

  • Нов кабел за брз пренос на податоци е воспоставен помеѓу САД и Европа

    Нов кабел за брз пренос на податоци е воспоставен помеѓу САД и Европа

    Американски конгресмени и индустриски лидери го означија завршувањето на новиот кабел за брз пренос на податоци низ Атлантскиот Океан. Претставниците на „Microsoft“ и „Facebook“ се…

  • Како да ги избегнеме настинките и грипот?

    Како да ги избегнеме настинките и грипот?

    Бидејќи навистина е полезна изреката: “Подобро да се спречи отклку да се лечи”, ви нудиме четири едноставни совети како да ги победите настинката и грипот.…

  • Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

    Меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“ го намали долгорочниот рејтинг на британскиот долг од „А1“ до „Аа2“ со стабилна перспектива, објави „Ројтерс“. Причината е несигурноста поврзана со…