23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе ги саботирајте вашите планови со овие грешки

Не ги саботирајте вашите планови со овие грешки

Честопати правиме планови за се што планираме да постигнеме. Но, според британскиот психолог Ричард Вајсмен, 88 проценти од нашите замисли не се остваруваат. Зошто тогаш воопшто се мачиме да правиме планови? Можеби зошто навистина сакаме да направиме некаква промена…

И така доаѓаме до најважното прашање – ако толку многу сме мотивирани да направиме промени во нашиот живот, зошто сме толку неуспешни во добивањето на сите оние работи кои ги посакуваме? Погледнете ги наредниве неколку грешки кои најчесто ве спречуваат при остварување на вашите планови:

1. Се откажувате

„Научената беспомошност е реакција на откажување која резултира од верувањето дека ништо од она што го правите не е значајно“ – Арнолд Шварценегер.

2. Не сакате да барате помош

„Одбивајќи да побарате помош кога ви е потребна, спречувате некој да добие шанса да биде од помош“ – Рик Окасек.

3. Бегате од напорната работа

„Напорната работа го истакнува карактерот на луѓето: некои ги засукуваат своите ракави, некои ги вртат своите носеви на друга страна, а некои воопшто не се ни појавуваат“ – Сем Евинг.

4. Размислувате, размислувате, размислувате…

„Универзумот не ви го овозможува она што го посакувате во вашите мисли, тој ви го овозможува она што го барате преку своите дела“ – Стив Мараболи.

5. Го чекате вистинското време за да се обидете

„Не чекајте го вистинскиот момент. Никогаш нема да биде совршено. Секогаш ќе постојат предизвици, пречки и далеку од совршени услови. Па што ако. Започнете уште веднаш. Со секој нов чекор, вие ќе станувате сe посилни и посилни, сe поискусни и поискусни, со сe поголема и поголема самодоверба и сe поуспешни и поуспешни“ – Марк Виктор Хансен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП