25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета "5-1-5-1-5"

Диета “5-1-5-1-5”

Под оваа шифра се крие формулата за виткост, здравје и добро расположение, а значи: 5 оброци на ден, во 1 оброк по 5 вида на намирници (вклучена е и водата), по 1 намирница за ужина, 5 дена траење на диетата.

ПОЈАДОКОТ е ист за сите денови и се состои од 1 чаша вода, 100 мл делумно обрано млеко, кафе без шеќер, 2 парчиња интегрален леб со 2 лажици мармалад или мед.

ПРЕТПЛАДНЕВНАТА УЖИНКА се состои од 1 сезонско овошје или коцка темна чоколада.

ПОПЛАДНЕВНАТА УЖИНКА се состои од 1 обезмастен јогурт, или малку сирење, или 2 мали парчиња немасна шунка.

1 ДЕН

РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 киви, 70гр тестенина со домати и босилок, 100 гр телешко месо, 100 гр моркови

ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 резанка ананас, 30гр ориз со 100 гр грашок, 200 гр варена бела риба, зелена салата

2 ДЕН

РУЧЕК: 1 чаша вода, 150 гр јагоди, 2 варени компири, 2 тврдоварени јајца, 100 гр зелена салата

ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 2 сливи, тестенина со грав, 50 гр варена шунка, 200 гр печен зеленчук

3 ДЕН

РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 јаболко, 70 гр тестенина со оригано, 130 гр, печено мисиркино месо, 100 гр домати.

ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 банана, супа од зеленчук, 200 гр риба со сок од лимон, 100 гр зелена салата.

4 ДЕН

РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 праска, 70 гр интегрален ориз, лигњи со домати, зелена салата

ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 киви, пире од грашок со 2 парчиња препеченица, 4 парчиња димена печеница, 100 гр моркови

5 ДЕН

РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 резанка ананас, 100 гр моцарела, 200 гр домати, 40 гр интегрален леб

ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 круша, тестенина со јачмен, 200 гр бела риба готвена на пареа, 100 гр зелена салата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП