24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНова визија за совршеноста - Conrad Bora Bora Nui (фото)

Нова визија за совршеноста – Conrad Bora Bora Nui (фото)

Кога и да размислуваме за Бора Бора, рај е првиот збор кој ни паѓа на памет…

Магичниот хотел „Conrad Bora Bora Nui“ е сместен долж белиот песок на островчето „Motu To’opua“, покрај стариот вулкан кој му чува стража и му овозможува совршено драматичен поглед, кој засекогаш ќе го паметите.

Овој егзотичен рај ви нуди совршено искуство за одмор, благодарение на повеќе-милионската реставрација, со точно 114 прекрасни капацитети за смесување, кои добија модерен стил и неверојатни погодности.

Од пространите вили со поглед на плажата или оние малку затскриените во бујното зеленило, до оние спектакуларните кои се издигнуваат над водата и имаат свои приватни базени, „Conrad Bora Bora Nui“ има се што ви е потребно да се заљубите во него. Исто така, тука се и уникатните ресторани и барови, кои во овој хотел ги има вкупно шест.

Кулинарското искуство кое ви го нуди оваа дестинација ќе ви понуди прекрасни нешта кои дополнително ќе ве расположат. Исто таа мора да го споменеме и прекрасниот „Hina Spa“ каде ќе ги добиете сите масажи кои ќе ги посакате. Тука е и фитнес центарот, со чија помош ќе останете во форма, и детскиот клуб кој ќе се погрижи за вашите деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП