19 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Оливер Димитровски, сопственик на групацијата ЊУ ВЕЈ Лимитед

Интервју со Оливер Димитровски, сопственик на групацијата ЊУ ВЕЈ Лимитед

Недвижностите сѐ уште се најсигурен избор за инвестиција

Побарувачката и инвестицијата во недвижности сѐ уште се на високо ниво. Со експанзијата во градежништвото, постојано се зголемува и понудата, а пристапните цени за метар квадратен ја движат побарувачката во постојан пораст.

Според Оливер Димитровски, сопственик на групацијата ЊУ ВЕЈ Лимитед која се занимава со менаџмент со недвижности, овој период е погоден за инвестиција, имајќи на ум дека недвижностите се еден од најсигурните избори за вложување на средствата.

Денар: Каква е моменталната состојба на пазарот за недвижности, кој е соодносот на побарувачката со понудата?

На Конференцијата за инвестиции во недвижности во Македонија, која се одржа минатата година во октомври, се донесе заклучок дека македонскиот пазар на недвижности е во поволен период кој го одбележуваат раст на побарувачка на станови, голема понуда на станбени и деловни објекти и релаксирани банкарски услови за земање станбени кредити, а се очекуваа позитивни тенденции на градежниот пазар и во 2017 година. Во првите месеци на годинава, бројката на реализирани трансакции на пазарот на недвижности е во мала стагнација, земајќи ја предвид политичката неизвесност и одредени настани од економски аспект кои се актуелни перидов и создадоа мала несигурност кај потенцијалните купувачи. Сепак, граѓаните сѐ уште гледаат на недвижностите како најсигурен избор за инвестиција во која ги вложуваат своите средства. Податоците на катастарот сметам дека се краткотраен тренд и во другата половина од 2017 година ќе настапи пораст на продажбата на недвижности.

Денар: Како директно вклучен во бизнисот со недвижности, колку сметате дека е паметно да се инвестира во недвижности во овие моменти?

Вложувањето во недвижности од секогаш било и ќе биде еден од најсигурните избори за инвестиција, без разлика на сѐ. Како што претходно напоменав, граѓаните се свесни за тоа, постои голема понуда и избор, цените за метар квадратен се реални до некаде, и затоа сметам дека е погоден период за секој што сака да инвестира во некаква недвижност.

Денар: Изминатите неколку години постои експанзија во градежништвото, се градат многу нови објекти, згради и станбено-деловни комплекси, надвор од централното градско подрачје. Која е главната причина за тоа?

Она што го покажува и трендот на изградба на вакви населби е тоа што живеењето на места подалеку од градот повеќе не претставува мода туку потреба. Сѐ поактуелни се околните места на Скопје и негова непосредна близина, каде цените за метар квадратен се релативно пониски и претставуваат реален стандард за граѓаните. Исто така, еден од главните мотиви за живот подалеку од урбаната средина е мирот надвор од градскиот метеж, кој не може да се добие во центарот на градот. Начинот на живот, обврските и стресот кој ни го наметнува работата, ги тера луѓето да бараат излез во средина која нуди мир и тишина. Во западниот свет ваквите елитни станбени комплекси спаѓаат меѓу најбараните и најскапите. Нè радува што и кај нас сè повеќе се препознава ваквиот начин на живеење. Она кое влијаеше изминатите неколку години за инвестиција надвор од урбана средина или пак инвестиција во стан на Водно, кое е дел со најмногу зеленило, е и причината со загадувањето на Скопје. Интересен склоп на овие карактеристики, а сепак потребата да се биде во централното подрачје на градот, е станбено-деловниот комплекс Panorama residence. Локациски се наоѓа на најлуксузното и најпосакувано место за живеење, Водно, а сепак цените се ниски и се движат од 930 евра за метар квадратен. Со својата совршена локација, модерна градба, најдобар поглед на Скопје и планината Водно, Panorama Residence за многумина претставува дом од соништата и идеално место за живеење.

Денар: Во последно време сѐ почесто ги слушаме фразите “луксузен концепт на модерно живеење”, “елитен станбено-деловен комплекс”. Што всушност значи луксузен дом, односно какви основни карактеристики треба има еден луксузен објект?

Точно е дека тие изрази често знаат да се злоупотребуваат и да се нарече нешто луксузно, а е всушност многу далеку од тоа. Прва и основна карактеристика е квалитетот на градба и материјалите кои се употребуваат. Потоа тука спаѓаат и локациската поставеност на објектот, односно мирна локација која нуди комфор и можност за релаксација. Следна карактеристика е и понудата на физичко обезбедување и видео-надзор на станбениот објект, голем и простран сопствен паркинг, дополнителни содржини за релаксација како базени итн.

Денар: Дали Panorama Residence е еден од нив? Кои предности ги носи живеењето во ваков комплекс?

Panorama Residence е проект во кој е исклучително посветено внимание на конструктивниот сегмент, изборот на материјалите и начинот на изработка. Се наоѓа во мирна и чиста средина, практично организиран простор за комфорно домување, а сепак е во центарот на градот. Квалитетот на градба кој го нуди Панорама Резиденс, локацијата, ориентацијата, единствениот панорамски поглед, како и многу други предности, го позиционираат овој комплекс на врвот на станбеното живеење и го сместуваат меѓу најлуксузните објекти за живеење во Скопје и околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП