24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Франција троши премногу

Јункер: Франција троши премногу

Високата државна потрошувачка во Франција претставува проблем, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Тој го истакна тоа само два дена откако Емануел Макрон ја однесе победата на претседателските избори во Франција.„Со Франција имаме посебен проблем. Французите трошат премногу пари и ги трошат на погрешни места. Тоа со тек на време нема да функционира“, изјави Јункер во Берлин, а пренесува британската агенција Ројтерс.

Јункер присуствуваше на промоција на книга на германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел под називот „Ремапирање“, во која се зборува за Брегзит и за француските претседателски избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП