Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,297.60 -0.03%    GRNT 870.00 -0.99%    KMB 2,883.30 -1.59%    KPSS 485.00 -2.81%    KVAS 10,670.00 -3%    MPT 30,201.00 -2.58%    MTUR 4,700.00 2.17%    OKTA 3,300.00 10%    PKB 14,500.00 0.07%    RZUS 120.00 -1.64%    SBT 2,219.26 -0.89%    STB 938.54 -1.78%    STIL 134.00 3.08%    TEL 279.00 -0.49%    TNB 13,300.00 0.4%    TPLF 1,601.00 -0.32%    TTK 776.00 -3%    

Tip of the week: Здраво за готово

Време: 13:43

Датум: мај 4, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Цело време не учат дека треба да ги почитуваме другите, да бидеме внимателни и да им помагаме. Но многу пати се случува таа добрина да биде злоупотребена или искористена против вас. И така, ден за ден, месец за месец и веќе ве земаат „здраво за готово“ дека и мора да им помогнете. Но тоа тука не застанува, туку само се шири и на други работи, па секоја ваша иницијатива или идеја е исто така сфатена.

Еве, колку пати ви се случило која било ваша идеја или иницијатива да биде земена „здраво за готово?”

Тоа е така, додека не се прелие чашата и додека вашето незадоволство не добие поголеми размери. Но да знаете, чекањето да ескалира ситуацијата, не е добро за никого, а најмалку за вас. Не за друго, земањето „здраво за готово“ влијае врз:

  • Самодовербата и иницијативноста.
  • Мотивацијата и желбата за напредок.
  • Несогласување со околината и изолација…

Ама едно да знаете, не е крива околината што сè што е поврзано со вас е сфатено „здраво за готово”. Кривицата е најмногу кај вас, затоа што сте дозволиле да се доведете до таква ситуација. Затоа:

  • Размислете добро пред да преземете одговорност – преминете од човек кој на сè кажува ДА, во човек кој пред да каже ДА, убаво ќе размисли. Немојте да станете човек од кој сите ќе очекуваат дека ќе го направи тоа, дека ќе преземете одговорност за несработеното на другите и станете помалку на располагање на другите. Размислете убаво!
  • Доста кажувате, почнете да покажувате – доведени сте до таа ситуација само затоа што повеќе се фалите дека нешто можете да направите отколку што навистина сте направиле. Ај размислите, ќе видите дека е така. Прекинете со фалењето за самите себе и дозволите делата да ве фалат, не зборовите!
  • Кои се вашите вредности – тешко е самите да си ги одредите, но поставете си прашања:
    • Што е она што ве мотивира да одите на работа, дружба…?
    • Што е она што ве одвојува од другите?
    • Што е она што ве прави уникатни?
  • Бидете горди на својата работа и на сработеното – во ситуација кога довербата во сами себе ви е намалена, нормално е да имате момент на сомнеж на самите себеси и на сработеното. Не дозволувајте тоа да преовладува, ако сте сигурни во квалитетот на сработеното.
  • Почнете да се конфротирате – избегнување на конфликти и конфротации со други луѓе или ситуации е веќе секојдневие. Тоа неминовно доведува до згаснувањена на вашите потреби и чувства, што само по себе знае да биде проблеми. Борбата за своите „права” не значи неминовно доведување во конфликтна ситуација. Бидете смирени и покажете дека се грижите за вашите чувства и потреби.

Можеби во почетокот нема да сфатите дека сте во таква ситуација, но луѓето ве земаат „здраво за готово”. Време е да направите некакви промени, а промените не се лесни.

 

Со успех во промените

 

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Каков БРЕНД си ти?!

    Tip of the week: Каков БРЕНД си ти?!

    Ова прашање може да го разгледуваме од 2 аспекта: каков бренд е твојата компанија (производ, услуга) или каков бренд си ти лично!? Бренд и брендирање…

  • Tip of the week: Помош

    Tip of the week: Помош

    Подоцна или порано, во текот на животот, сфаќаме дека да се побара ПОМОШ не е страшна работа. Но, не е проблемот во тоа, туку има…

  • Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Зошто поминуваш среде улица, а не на пешачки?! – Затоа што сите така прават! Зошто не ги изми садовите во канцеларија?! – Затоа што сите…

  • Tip of the week: Крај на разговорот

    Tip of the week: Крај на разговорот

    Во секојдневниот живот се соочуваме со разноразни комуникации. Сите тие најчесто би требало да завршат со некаква поента или дефинирање на следни чекори. Но, за…

  • Tip of the week: Дали сте амбициозни?

    Tip of the week: Дали сте амбициозни?

    Често слушаме за некој дека е многу амбициозен, на пример, амбициозен вработен, амбициозен менаџер, амбициозен студент… Неодамна добив ваков коментар од еден пријател, а тоа…

  • Tip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

    Tip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

    Искрено, не знам како би можеле да ви помогнеме, но можеме да најдеме начин и да укажеме. Сигурно имате околу вас, барем неколку од нив,…

  • Tip of the week: Пред фактите и боговите молчат!

    Tip of the week: Пред фактите и боговите молчат!

    „Пред фактите и боговите молчат!” Сигурно сте го слушнале ова некаде, а можеби сте го употребиле и во некој разговор или преговори како ваш аргумент.…

  • Tip of the week: „Црвот во јаболкото!“

    Tip of the week: „Црвот во јаболкото!“

    Не знам дали ја знаете оваа фраза „црвот во јаболкото“. Црвот ќе расипе едно јаболко, тоа ќе расипе друго и така по ред сите јаболка…

  • Tip of the week: Управување со емоциите

    Tip of the week: Управување со емоциите

    Не треба да се мистифицираат емоциите, туку да се демистифицираат своите реакции! Управувањето со емоциите е предуслов за квалитетен однос на работа, во фамилијата, со…

  • Tip of the week: Страв од успехот на другите

    Tip of the week: Страв од успехот на другите

    Успехот е многу убава работа и секој од нас си го посакува. Но успехот кај другите е интересна појава. Тој предизвикува еден вид страв, страв…